Сицилија - Авионска програма

> Сицилија - Авионска програма

Сицилија - Авионска програма

СИЦИЛИЈА е најголемиот остров во Средоземното Море и еден од 20-те региони на Италија. Тој е еден од петте италијански автономни региони и официјално се нарекува Регион Сицилијана и нејзин главен град е Палермо. 

Нејзиното најистакнато обележје е Етна, еден од највисоките активни вулкани во Европа и светот, моментално висок 3.357 m. Островот има типична медитеранска клима и е познат по своите катедрали, лозја, плажи и неверојатна архитектура. Операта во Палермо и барокните цркви на УНЕСКО во Ното и Модика се светски познати сицилијански архитектонски знаменитости, заедно со грчките храмови на долината на храмовите лоцирани во Агриџенто..

 

НАПОМЕНА :

   За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 17 патнициво спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 15 дена пред датумот на поаѓање;

   Цената на аранжманот зависи од моменталната расположливост на местата во авионот;

   Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата;

                                                                                                                

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден Скопје - Софија (автобус / авион) 08.10.2022
    Поаѓање од Скопје во 07:30 часот. Oрганизиран транфер до Софија. Полетување од Софија со лет во 14:10 часот. Слетување во Катанија, сместување во хотел. Ноќевање.
2
2 Ден Катанија - Сирагуза (автобус) 09.10.2022
    Појадок. По појадокот разглед на Катанија и неговите историски знаменитости со водич. Слободни активности и прошетка. Заминување за Сирагуза – разглед на градот и катедралата, Аполонов храм. Враќање во Катанија. Ноќевање.
3
3 Ден– Палермо - Монреале (автобус) 10.10.2022
    Појадок.По појадокот факултативно заминување за Палермо со водич, факултативно панорамски разглед на Палатата на Норман, Новата Капија, катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот, ”Quattro Canti”, Црквата Марторана, театрите Политеама и Масимо. Слободно попладне за шопинг или факултативно посета на градот Монреале и катедралата. Слободни активности до одредено време. Враќање во Катанија. Ноќевање.
4
4 Ден Катанија – Етна - Таормина (автобус) 11.10.2022
    Појадок. Факултативно посета на Етна со водич до 1980 метри, кратери Силвестер. Таормина. Враќање во хотел. Ноќевање во Катанија..
5
5 Ден Трансфер Аеродром (авион) 12.10.2022
    Појадок. Слободни активности во Катанија. Трансфер до аеродром до полетување за Софија. Летот е во 18:15 часот. Организиран трансфер до Скопје.

Цената покрива:

Организација и реализација на аранжманот и пратител на патувањето
Авионски превоз на наведената релација Софија – Катанија -Софија
Локален водич во Катанија и Сирагуза
Пратител на патувањето
Локални трансфери, трансфери измеѓу градовите според планот на програмата
Рачен багаж (1 торба со димензии 42х32х25 см)
Сместување во хотел Катанија на база 4 ноќевањa со појадок ( према правилата на самиот хотел)
Трансфер со автобус / минибус на релација Скопје- Софија – Скопје

Цената Не покрива?

  • Патничко осигурување 5 € (до 64 години)
  • Аеродромски такси
  • Доплата за едконреветна соба 110 евра
  • Чекиран багаж
  • Палермо и Монреале со водич 40 €
  • Таормина, Етна со водич 30 €
  • Влезници во објектите

Pin It on Pinterest