Поаѓање од Скопје во 12:30 часот.. Патот продолжува за Струга преку граничен премин Ќафасан Албанија, Драч. Бродот испловува од Драч за Бари во вечерните часови. Ноќно пловење со брод.
2
БАРИ-ЏАРДИНИ НАКСОС
Во утринските часови пристигнување во Бари. Упатување кон Сицилија – Мессини, краток разглед на градот Reggio Calabria. Пристигнување во Сан Џовани траект – возење 40 минути. Пристигнување во Мессини и упатување кон Г. Наксос. Пристигнување во вечерните часови и Сместување во хотел. Ноќевање.
3
КРАТЕР СИЛВЕСТРИ,ЕТНА-ТАОРМИНА
Појадок. Факултативно, по појадокот заминување кон падините на Етна и искачување до надморска височина од 1980 м – Кратер Силвестри (краток разглед). Поаѓање за Таормина. Панорамски разглед на Катедралата, Црквата Св. Катерина, Палтата Цорвај, Плоштадот 9 Април. Слободни активности. Ноќевање.
4
ЦАРДИНИ НАКСОС-СИРАГУЗА-КАТАНИЈА-ПАЛЕРМО
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Сирагуза: разглед на стариот град, Аполоновиот храм, Катедралата,. Потоа поаѓање за Катанија: разглед на градот и неговите историски знаменитости. Слободно време за индивидуални активности. Следи патување до Палермо. Пристигнување во Палермо во вечерните часови и сместување во хотел. Ноќевање.
5
ПАЛЕРМО-МОНРЕАЛЕ-ПАЛЕРМО
Појадок. По појадокот, заминување за Монреале и разглед на Катедралата на Кралот Вољен од 12 век. Патувањето продолжува кон Палермо разглед на градот и .неговите историски знаменитости: Палатата на Нормани, Нова Капија, Фонтаната на срамот, Театарот Масиимо. Слободно време за шопинг и индивидуални активности, на барање на групата може да се организира сицилијанска паста или пица во некое од рестораните на Палермо.
Факултативно Вечера во национален ресторан. Ноќевање.
6
ПАЛЕРМО=БАРИ
Појадок. По појадокот продолжуваме кон Бари. Пристигнување во Бари и можност доколку дозволи времето посета на црквата Св. Никола. Во 20 часот пристигнување во пристаниште. Пред полноќ испловување за Драч.
7
ДРАЧ-СКОПЈЕ
Пристигнување во Драч-краток одмор. Патувањето продолжува преку граничниот премин Кјафасан. Пристигнување во Македонија во попладневните часови со попатни паузи.
Ние користиме колачиња(cookies) за да овозможиме оваа веб страна да работи правилно како и за нејзино понатамошно подобрување се со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња. Дознајте повеќе