Состанок на групата и заминување од Дрво Декор во 17:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 17:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.
2
ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич: Капали чаршија,Бејазит-најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), прошетка низ Таксим, Операта и факултативно Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел и вечерта индивидуална прошетка.Ноќевање.
3
ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот факултативен разглед на убавините на Отомански и Византиски Истанбул !!! Излет кој ве води во славното и бурно минато на Османлиското царство : ќе ја разгледаме прочуената црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата палата во светот -Топ Капи Палатата и секако во забранетата зона со векови – Султанскиот Харем –ќе прошетме низ одаите на најубавите харемски девојки , одајата на Валиде Султан , златниот ходник, Султанската одаја – како од приказните за 1001 ноќ. Потоа ќе се одушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. (сето тоа може да го видите индивидуално или со наш водич-факултативно)Враќање во хотел. Ноќевање.
4
ИСТАНБУЛ
Појадок. Заминуваме на факултативно прекрасно и возбудливо Крстарење по БОСФОР со брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата. Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган .. палатите од Турските ТВ серии.... Слободни неколку часови за шопинг. Попладне поаѓање за Скопје. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.
Ние користиме колачиња(cookies) за да овозможиме оваа веб страна да работи правилно како и за нејзино понатамошно подобрување се со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња. Дознајте повеќе
Задолжителни
Статистика
Маркетинг
Our website uses cookies to ensure you have the best experience. To learn more about this or to change your settings, see our Privacy Policy. AcceptNo