Будва Автобуска програма

Нова Година Будва > Будва Автобуска програма

Будва Автобуска програма

Св.Стефан- Будва – Дубровник – Котор -Тиват –  Порто Монтенегро

 *МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА ДО ДЕН НА ВАЖНОСТ НА ИСТАТА

Сигурна реализација

                                                                        ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ………..99 ЕУР  (6140,00 мкд )

Напомена:

  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;

– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот;

-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 10 дена пред поаѓање;

 

– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата;
– Уплата исклучиво во денари.

Слични Понуди

Програма

1
1 ден : 30.12.2022 (Петок) Скопје
    Состанок на групата . Поаѓање за Црна Гора во вечерните часови . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2 ден : 31.12.2022 (Сабота) Будва -Св.Стефан
    Пристигнување на Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање и поаѓање за Будва. Сместување во приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Во вечерните часови Дочек на Новата 2023 година пред платото на Стариот град со музичка програма (Џибони или дочек во некој од ноќните клубови). Ноќевање.
3
3 ден : 01.01.2023 (Недела) Будва – Дубровник – Будва
    Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факјултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник : Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Вечерта организирана забава и реприза на новогодишната ноќ со концерт на Дино Мерлин пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.
4
4ден : 02.01.2023 (Понеделник) Будва – Котор -Тиват – Порто Монтенегро – Скопје
    Напуштање на апартманите. Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола …. Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина. Погледот од истата е фасцинантен и единствено од таму може да произлезат уникатни фотографии… Патот не води кон Тиват, разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси. Продолжуваме со траект преку Бока Которска. Посета на уште една понова ексклузивна марина Портонови. Индивидуално време за уживање и фотографирање. Тргнување за Македонија со попатни паузи и царински формалности.

    Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената покрива:

Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
2 ноќевања , сместување во вили
Организација, реализација и лиценциран туристички придружник на патувањето

Цената Не покрива?

  • Посета на Дубровник 20 еур
  • Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро…..15 еур
  • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување
  • Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус)

Pin It on Pinterest