Инфо за хотел :
Интерхотел Сандански е лоциран во југозападниот дел на Бугарија, регион кој е најпознат по лековитата клима и термалните извори. Хотелот е лоциран во самиот центар на Сандански, на само неколку чекори од живописниот градски парк, поголемите продавници и во близина на многу споменици и историски знаменитости. Интерхотел Сандански го нуди еден од најголемите медицински центри за лекување и рехабилитација на Балканскиот Полуостров. Хотелот има 285 удобни соби и суити, три ресторани, лоби бар и пул бар. Гостите може да користат три базени со минерална вода, од кои еден е со температура на водата38°C.Комплексот во својот состав има 5 новоизградени тениски терени, прикладни за организирање на професионални турнири. За семинари, настани, работилници и слично, хотелот има на располагање 4 конференциски сали со капацитет од 30 до 250 места, како и простор за изложби и презентации.
Група 1 -
Група 2 -
Цената вклучува:
►6 ноќевања со појадок
►Користење на спа центар
►Сместување во 1/2 соба
►Автобуски превоз
►Бесплатен интернет
►Такса
Цената не вклучува:
► PCR тест или антиген тест
►Индивидуални трошоци
Спа центарот вклучува:
►Користење на сауна, парна бања и фитнес центар
►Користење на затворен базен со минерална вода од 33с
►Користење на отворен базен со минерална вода од 33c
►Користење на термален базен со минерална вода 39с
►Лежалки покрај базен
Услови за влез во Република Бугарија
*Уверение за завршена вакцинација (примено две дози вакцина), со важност од 15 до 270 дена по примањето на последната доза;
*Уверението за примена бустер доза нема ограничено времетраење;
*Потврдата за прележан ковид-19 да важи од 11-ти до 180-тиот ден, сметајќи од датумот на тестирање внесен во документот;
*ПЦР тестот не смее да биде постар од 72 часа, а брзиот антиген од 48 часа.
*Децата до 12 години ќе можат да влезат без документи за КОВИД
Напомена : Ве молиме почитувајте ги препорачаните мерки против COVID-19 за Ваша и наша заштита, следете ги препораките и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.
Важни информации:
· Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето доколку користат превоз.
· За резервација на аранжманот е потребно 30% уплата од вкупната сума
· Препорачуваме патничко осигурување во агенција
· Побарајте Договор за патување
· Важат Општите услови на Т.А. Камелија Турс (Лиценца А) членка на СКТМ
Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатен одмор !