Соопштение (COVID 19)

Поставено на датум 07.05.2020 

 

Почитувани патници, клиенти, соработници

 

Поради моменталната состојба на прогласената пандемија на свестско ниво од страна на СЗО како и владините мерки Ве известуваме поради ограничувањата нашите аранжмани на патување, воедно затварање на аеродромите, границите како и објектите за сместување на неопределен период ги откажуваме сите аранжмани поради неможност да се реализираат под објавените услови (планирани термини на патување, период на престој или објект на престој) воедно Ве известуваме по завршувањето на вонредната состојба од како ќе се нормализираат мерките на патувањата на сите дестинации од страна на Т.А. Камелија под нови услови ќе ги објавиме програмите-паќет аранжмани летните и есенските програми за 2020 година. 

На сите патници кој имаат уплатено аранжмани пред воведувањето на вонредната состојба, ќе им биде издаден “Вредносен ваучер” на уплатениот износ за туристичкиот аранжман. Ваучерот може да се искористи и за друг паќет на аранжман од понудата на Камелија Турс. 

Т.А. Камелија турс ќе понуди нови договори за исти или други термини и дестинации кој ќе важат по нормализирањето на условите за патување и според новите услови на патувања како и промена на цена или промена на програма за тој период.

Доколку го замените датумот со друг а цената е пониска за разликата на сумата ќе добиете ваучер кој би можеле да го искористите, како и доколку е сумата повисока ќе може да доплатите. 

Имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, поради прогресивното ширење на коронавирусот (COVID - 19), како и препораките на Владите ширум светот поддржани од меѓународните институции, да не се патува, како една од главните причини за експанзија на вирусот го испраќаме ова соопштение до Вас во име на нашата туристичка агенција

 

Воедно би сакале да Ве известиме, нашата канцеларија работи со скратено работно време 10:00 - 15:00 од понеделник до петок почнувајки од 11.05.2020

Ве молиме да ги почитувате препорачаните мерки против COVID-19, за ваша и наша заштита. При влегување во канцеларија задолжително е носење на маска, дозволено е влегување по едно лице. 

Следете ги препораките на Министерството за здравство и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.

Законска уредба на Владата и вредносните ваучери?

 

На 27.седница одржана на 24.март 2020 година, од страна на Владата е донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за туристичка дејност за време на вонредна состојба. Согласно со оваа владнина Уредба со законска сила  (Oбјавена во Службен весник бр.80 од 27.03.2020 годинa), туристичките агенции ќе издаваат ваучери во вредност на сумата уплатена за аранжманот кој бил откажан како резултат на кризата со Корона вирусот.

Со оваа мерка според член 2. од Уредбата, туристичките агенции кои ќе мораат да ги откажат своите аранжмани за време на вонредната состојба, ќе бидат должни да им издадат нов (вредносен) ваучер на клиентите, со износ на претходно уплатената сума кој што тие понатаму ќе можат да го искористат за друго патување заклучно со 31.12.2021 година.

Со оваа мерка се очекува како агенциите, така и патниците кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот не можеле да ги реализираат своите аранжмани, уплатените средства за нив да не ги изгубат, туку нивниот износ да го искористат за друг аранжман во периодот по завршетокот на вонредната состојба. Издавањето на Ваучерите ќе биде унифициран од агенцикста и ќе се реализира со согласност на двете страни, односно туристичките агенции и патниците.

 

Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција (носител на аранжманот) и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот.

Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аражмани достапни во понудата на туристичката агенција (носител на аранжманот)

Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ колку што бил и аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.

Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции(Лиценца А) патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат односно по е-маил.

Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по договор меѓу патникот и туристичката агенција.

 Ваучерите се издаваат тековно по барање на патникот. 

 

Ги следиме и целосно ги почитуваме препораките на Светската здравствена организација и Владата на нашата држава и Ви порачуваме: “Да седиме дома додека траат мерките и додека не се стабилизира целата состојба глобално, за да можеме во радост да патуваме заедно.”

 

За сите информации или консултации ќе Ве молиме да не контактирате преку нашите e-mail адреси: 

info@camelliatravel.com.mk ; camellia@telekabel.net.mk

 

Ви благодариме

Камелија 

Слични Понуди

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest