Најчести прашања за Албанија

 

1. Како да стигнете до Албанија и кој пат да го одберете ?

Најдобар избор за патување до Албанија со сопствено возило е патот преку Косово (Граничен премин Блаце кој води преку автопатот  Урошевац-Приштина-Феризај се до граничен премин Морине влез во Албанија) Овој пат е најприфатлив доколку одите за Драч или Тирана   Пократок пат доколку одите за Јужниот дел на Албанија е преку граничниот премин Ќафасан (Струга)

2.За сите оние кој им е потребна информација на км и саатнина до туристичките места во Албанија

·Скопје – Валона 390км или 6 часа (Граничен премин Ќафасан)

·Скопје – Драч 350км или окулу 4 часа (Граничен премин Блаце)

·Скопје – Дерми 450км или  8 часа (Граничен премин Ќафасан)

·Скопје – Химаре 470км или 8-9 часа (Граничен премин Ќафасан)

·Скопје – Саранда 515 км или 9 часа (Граничен премин Ќафасан)

·Скопје – Ксамил  525км или окулу 9 часа (Граничен премин Ќафасан)

 3.Дали има редовен автобуски превоз за Валона, Саранда, Драч, Ксамил,  Дерми и Химаре

·Туристичките агенции имаат редовен автобуски превоз од Јуни-Септември за Драч, Валона, Саранда и Ксамил

·Автобуски превоз од Македонија редовен за Химаре и Дерми нема

·Најлесен начин да стигнете до Дерми и Химаре е да пристигнете со редовен автобуски превоз до Валона и од градската автобуска да одите со локален автобус кој го има 2-3 пати дневно од Јуни-Септември

Автобуски билет  Скопје – Драч во два правци чини  35€

Автобуски билет  Скопје – Валона во два правци  чини 45€

Автобуски билет  Скопје – Саранда  во два правци чини 55€

Автобуски билет  Скопје – Ксамил  во два правци чини 55€

Деца до 2 години не се наплаќаат а од 3-12 наплатуваат 10€ помалце од редовните цени

 4.Што е потребно за влез во Албанија?

Во Албанија е дозволен влез со лична карта и пасош. За децата е потребно приложување на пасош. Доколку патувате со автомобил потребен е зелен картон за влез. Осигурување препорачуваме но не е задолжително

5. Дали постојат ограничувања за влез во Албанија (PCR  тест, карантин)?

Не. Во Албанија е овозможен влез без никакви ограничувањане постојат рестрикции како PCR  тест, карантин или пак вакцина.

 6. Дали е безбедно да се летува во Албанија ?

Голем број на туристи кој веќе биле во  Албанија и ја избрале Албанија за нивниот летен одмор потврдуваат дека е апсолутно безбедно  да се летува во Албанија како за нив така и за нивните автомобили.

 7. Како да изберете каде да летувате во Албанија ? 

Доколку сакате поубави плажи и помирно место за летување за Вас и вашата фамилија Ви го препрачуваме КСАМИЛ

Доколку сакате динамичен одмор со централно шеталиште и многу ресторани, кафичи, дискотеки дефинитивно треба да ја одберете САРАНДА

Доколку сакате да бидете во голем град со долги плажи кој впрочем можете да одберете дали сакате да се капете на Јадранско или Јонско море Ви го предлагаме ВАЛОНА

За сите оние кој сакаат да истражат нови места со диви плажи како и недопрена природа која неможете да ја видите во дигиталниот маркетинг а притоа сте спремни да си приуштите повеќе ги предлагаме Борш, Дерми, Јале и Химара

 8.Во прилог Ви предлагаме понуди за вашиот одмор да биде комплетен

Јадранско крајбрежје https://camelliatravel.com.mk/list.php?category=199

Јонско крајбрежје      https://camelliatravel.com.mk/list.php?category=203            

                                     https://camelliatravel.com.mk/list.php?category=202

9. Кој се најубавите плажи во Албанија?

На овој линк може да ги погледнете најубавите плажи во Албанија

https://camelliatravel.com.mk/articles2.php?id=24

 

 

Pin It on Pinterest