>

Слични Понуди

Програма

1
СКОПЈЕ-НОВИ САД
    Состанок на групата и заминување за Нови Сад во 23:00 часот од Дрво Декор. Возење со кратки попатни паузи за царински формалности и освежување.
2
НОВИ САД
    Појадок. Пристигнување во пред пладневните часови во Нови Сад. Сместување во хотел и краток одмор до заминување на разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за индивидуални активности .Ноќевање.
3
НОВИ САД -ФРУШКА ГОРА-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
    Појадок. По појадокот заминуваме на факултативна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки..Ноќевање
4
НОВИ САД-БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
    Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Заминуваме кон Македонија со попатна посета на Белград. Слободно време за индивидуални прошетки... предлагаме прошетка по Калемегдан, најубавиот и најголем Белградски парк, централниот плоштад Теразије и секако прошетка низ прочуената Белградска улица Кнез Михајлова. Во договор со водичот патувањето продолжува кон Скопје.Пристигнување во доцните вечерни часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest