Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла” два саати пред летот. Лет до Доха со преседнување за летото до Хо Ши Мин.
2
2 ден
Пристигнување во Хо Ши Мин или Сајгон – градот кој е стар повеќе од 300 години, центар на култура, образование и туризам. Најголемиот град во Виетнам кој претставува комбинација од западната култура со допирите на ориентот и град познат како скапоценост на далечниот исток. Градот е богат со остатоци од колонијалниот период (Нотр Дам Катедралата, поштата Шајгон, старата Американска Амбасада...)Факултативен излет за разглед на центарот на градот со што би се виделе осатоци од Виетнамската Војна во периодот 1954-1975 година, Палатата на обединувањето-симбол на поранешната влада на Сајгон...Сместување во хотел. Во вечерните часови факултативен излет-крстарење по реката Сајгон и можност за уживање во вечерните шаренила на Виетнам. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден
Факултативен излет до реката Меконг: возење со традиционални бротчиња низ густата вегетација и околу малите острови во нејзината Делта - исклучително плодна со ориз, агруми и тропско овошје. Потоа посета на занаетчиските села во кои го има целиот материјал за опремување на на куќите од кокосово дрво; прошетка низ мирните селски патчиња и разглед на локалните овоштарници и можност за дегустација на егзотично овошје, топол чај со мед со уживање на локалната музика. Враѓање во Хо Ши Мин и слободно време за релакс масажа и уживање на волшебствата на ноќниот живот на Виетнам. Ноќевање.
4
4 ден
Трансфер до аеродром и лет за Фу Чок – остров сместен во Тајландскиот залив, јужно од обалата на Камбоџа, познат по долгите песочни плажи и остров чија поголема површина претставува Национален Парк богат со планини, пешачки стази и густа тропска шума. Слободно време. Ноќевање.
5
5 ден
Факултативен излет до Јужниот дел на островот Фу Чок: попатна посета на Винаријата Сим Сон-една од бројните винарии со локални избори на вина и специјалитети. Посета на Фабриката за изработка на бисер, Стариот затвор и Фабриката за производство на рибино масло на југот на Виетнам. Слободно време за посета на локалните маркети и можност за дегустација на свежа морска храна, купување на локални билки и зачини.Денот го завршувамесо капење на Сао - една од најпознатите плажи. Ноќевање.
6
6 -7 ден
Денови предвидени за одмор на прекрасните плажи, под сенките на палмите со овошни коктели и авантури во внатрешноста на островот. Две Ноќевања.
7
8 ден
Трансфер до аеродром и лет за Ханој. По пристигнувањето, трансфер до сместувањето. Факултативен излет: „Water Puppet - Teaтарот”- театарските кукли се наоѓаат во вода, а уметниците кои (не се гледаат и) со нив управуваат се позади нив на неколку метри. Пред Вашите очи се одвива еден спектакл од автентична музика и добивате целосна слика за виетнамската култура, уметност, историја и обичаи... Враќање во сметувањето. Ноќевање.
8
9 ден
Факултативен излет до (источно од Ханој) Халонг Беј-скриениот залив во кој се наоѓаат околу 2000 мали карпести острови, кои 1994 година се ставени како наследство под Заштита на УНЕСКО. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
9
10 ден
Факултативен излет до Ханој со традиционалните Рикши како би можеле одлизу да видиме како живеат на овој дел од светот или прошетка на велосипед низ старите квартови на Ханој, посета на градините Хоан Кием, Нгок Соен-храмот на хероите, Палатата Чајтман, Мавзолејот Хо Ши Мин, градскиот плоштад Ба Динх, Храмот на литературата, Првиот универзитет, Храмот на Конфучие..... Ноќевање.
10
11 ден
Напуштање на сместувањето. Слободно време до времето за трансфер. Трансфер до аеродром и вечерен лет за Белград со преседнување во Доха
Ние користиме колачиња(cookies) за да овозможиме оваа веб страна да работи правилно како и за нејзино понатамошно подобрување се со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња. Дознајте повеќе
Задолжителни
Статистика
Маркетинг
Our website uses cookies to ensure you have the best experience. To learn more about this or to change your settings, see our Privacy Policy. AcceptNo