Виена со Братислава

> Виена со Братислава

Виена со Братислава

ВИЕНА - БРАТИСЛАВА

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

ПЕРИОД  13.04 - 16.04.2023

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 € / 12.960денари

 

НАПОМЕНИ:  

   За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

    За реализација на факултативните излети потребен е минмум од 25 особи.

     За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

    Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари

    Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето 

Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите по денови од за него оправдани и објективни причини

 

Слични Понуди

Програма

1
13.04 СКОПЈЕ - ВИЕНА
    Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Тргнување за Виена во 14:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
14.04 Шопинг центар Parndorf - ВИЕНА
    Планиранопристигнување во претпладневните часови со посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена и следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот... Слободно време за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Марија Хилфер штрасе. Сместување во хотел. Ноќевање
3
15.04 ВИЕНА – БРАТИСЛАВА - ВИЕНА
    Појадок. Факултативен разглед на Братислава. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Слободно време за кафе пауза и ручек. Се враќаме во Виена. Слободно време за индивидулани активности. Ноќевање.
4
16.04 ВИЕНА - СКОПЈЕ
    Појадок. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф... Mожност за факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Во попладневните часови поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалност. Пристигање во Скопје следниот ден во утринските часови.

Цената покрива:

Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Сместување во Хотел 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок

Цената Не покрива?

  • Задолжителен разглед на Виена 15€
  • Разглед на Братислава 30€
  • Посета на Шенбрун со вклучена влезница 50€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
  • ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: разглед на Виена, разглед на Братислава, Дунавска Кула - 65€
  • ПАКЕТ СО СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ - 105€
  • Влезници во музеите и културно – историските споменици
  • Туристичка такса – 250 ден по лице
  • Со доплата за еднокреветна соба 3600 ден
  • Патничко-здравствено осигурување – задолжително
  • Доплата за избор на седиште во автобус - 10 евра

Pin It on Pinterest