Скандинавија

> Скандинавија

Скандинавија

                                                                                           СКАНДИНАВИЈА

          ТЕРМИН  28.04-03.05.2023 Шведска – Норвешка – Данска 

                        ЦЕНA ПО ЛИЦЕ:965€        

Општи напомени при ТА Камелија за авионски и автобуски патувања: 

·  Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

·  Цената е пресметана на минимум 18 лица(авионска) доколку не се оствари минималниот број на патници,

организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот

·  Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа

(аконтацијата е неповратна во случај на отказ од страна на патникот)

·  Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари 

·  Пасошот треба да важи минимум  6 месеци по завршување на патувањето

·  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување

во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница,

доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

·   За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради,

институции или културни споменици

·  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето

·  Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот да ја намали или зголеми цената   во случај на промена

 (авионски билет,туристчка такса,аеродромска такса,копнен сообраќај , додатен багаж ) или цената на сместувањето

·  Сместување на патниците е според правилата на хотелот дадени во моментот на расположливи капацитети

·  Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети,

во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите

·  5 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за времето и местото

·  Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€  , дополнително седиште во автобус +45€

·  Агенцијата овозможува плаќање секој месец од 0-36 рати без камата, кредитни картици,вирманско плаќање,готовинско плаќање

·  Секоја програма е е креирана со посебни услови

·  Побарајте патничко осигурување во агенција

·  Важат Општите услови на Т.А Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ Организатор на ова патување е Камелија Турс:

  Трошоците за подготовка и организација на патувањето

со број на полиси АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ  (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции

             Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор!

Напомени

Важно :Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради

               (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување,непочитување на саатнините закажана однапред од страна на аенцијата и локалниот водич)                         

                        

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден / 28.04. Скопје-Стокхолм
    Состанок на групата на аеродром Скопје во 16:30ч. Полетување за Стокхлом во 18:40ч, директен лет. Пристигнување на аеродромот Скавста во20:45ч. Трансфер до Хотел.
2
2 Ден / 29.04. Стокхолм
    Појадок. По појадокот разглед на главниот град на Шведска и неговите културно историски знаменитости. Изграден на спојот на езерото Меларен и Балтичкото Море. Стариот дел на градот плоштадот Сорторгет, театарот, Кралскиот дворец, Зграда Риксдаг, Мариаторгет, Ериксон Глобус. Можност за факултативна посета на Васа музеј. Единствениот зачуван брод од 17 век во кој е изложен импозантниот брод и најпосетуваниот музеј во Стокхолм. Враќање во хотел. Ноќевање во Стокхолм.
3
3 Ден / 30.04 Стокхолм-Осло
    Појадок. По појадокот заминување за Норвешка. Попатно го поминуваме градот Карлстад и којшто се наоѓаат во средишниод дел на Шведска кој е познат како езерски регион. Пристигнување во главниот град на Норвешка, Осло. Сместување во хотел Слободно време за прошетка по улиците со многу типични барови. Ноќевање во Осло.
4
4 Ден / 01.05 Осло(пловење со брод) - Копенхаген
    Појадок.По појадокот заминување за разглед на градот Осло и неговите културно историски знаменитости Тринг Торзо, градската куќа, црквата Св. Петар, панорама на Ерсундскиот мост, Акершус тврдината, паркот Вигеландо 227 монументални скулптури, кралски палати улицата Крал Јохан, Можност за факултативна посета на музејот на Викинзите доколку дозволи времето. Во 13ч чекирање на брод, сместување во кабини. Дневно и ноќно пловење. Вечера. Ноќевање во кабина.
5
5 Ден / 02.05 Копенхаген
    Појадок на брод. Во 10ч пристигнување во Копенхаген, најголемиот воедно и главниот град во Данска. Прошетка по најдолгата пешачка зона во светот, наречена Строгет која се состои од пет улици во кој се сместени ексклузивни продавници, ресторани , кафулиња и театри. Преку Кралскиот плоштад се стигнува до најубавиот дел на Копенхаген, улицата Нихавн(Новото пристаниште) настанато пред околу 300 години кога тој дел имал функција на пристаниште. Во една од тие колоритни куќи живеел и Ханс Кристијан Андерсен. Палатата Амалиенборг (резиденцијата на данските кралеви, дворецот Кристианборг (парламентот) кралскиот театар, Морската сирена (симболот на градот). Сместување во хотел.Ноќевање во Копенхаген.
6
6 Ден / 03.05 Копенхаген –Малме – Скопје
    Појадок. По појадокот заминување за Малме кој е Јужен град во Шведска на само 25 км оддалечен од Копенхаген. Во 2000 година овие два града се поврзуваат со Ересундска врска односно со комбиниран мост-тунел до сега најдолг од таков тип во Европа мостот е долг 8 км. Разглед на градот. Слободни време и заминување кон аеродром во 18:30часот. Во 22:40ч лет за Скопје и пристигнување 01:15ч
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Организација и водство на аранжманот и пратител на патување
Авио билет на релација Скопје- Стокхлом
Посета на Малме
Локален водич за Стокхлом(3 часа), Осло (3 часа), Копенхаген(3 часа)
Рачен багаж (40x30x20cm)
Авио билет на релација Малме-Скопје
2 Ноќевања со појадок во Стокхолм Hotel 3* / 1 Ноќевање со појадок во Осло - Hotel 3* / 1 Ноќевање со појадок во Копенхаген Hotel 3*
Трансфер на наведената релација со автобус/минибус
1 Ноќевање на брод со појадок и вечера (Осло -Копенхаген) DFDS ship, www.dfds.dk

Цената Не покрива?

  • Аеродромски такси
  • Чекиран багаж од 20кг
  • Васа музеј во Стокхолм - Влезница, водич и трансфер
  • Музејот на Викинзите во Осло
  • Индивидуални екскурзии и дополнителни индивидуални барања и трошоци
  • Патничко осигурување 5€ ( до 65 години)
  • Доплата за еднокреветна соба

Pin It on Pinterest