Појадок во хотел. По појадокот следува организиран разглед на градот со локален водич (пеш и метро), разглед на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо ...Улиците преполни со луѓе,предновогодишно расположение и еуфорија за ноќта што следи. Слободно попладне за да се измешате помеѓу многубројните туристи и да уживате во прекрасниот град.Враќање назад во хотел и припрема за вечерниот дочек на Нова Година , индивидуално на плоштад во Рим...Ноќевање.
2
(01.01.2024 - понеделник) | Рим (разглед)
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за релаксирачко шетање низ градот пропратено со музика од многубројните концерти на отворено што постојано ги има на 1ви јануар во Рим, или можност за факултативна посета на Тиволи и фонтаните на комплексот „Вила Д’ Есте“. Во неа живеел кардиналот Хиполит II Д'Есте, кој бил домаќин на папи, кралеви и принцови, војводи и бројни познати уметници. Палатата е украсена со бројни мозаици кои претставуваат слики од секојдневниот живот.Враќање во хотел. Ноќевање.
3
(02.01.2024 - вторник) | Рим – Ватикан - Скопје
Појадок во хотел и одјавување од собите. За денешниот ден е предвидена посета на Ватикан (превоз со метро) - Ватиканските музеи и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд.Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По завршување на посетата на Ватикан можност за уште едно кафе во Рим па следува трансфер до аеродром ..Полетување за Скопје во 23:35ч. , слетување во 01:20ч. наредниот ден.
Ние користиме колачиња(cookies) за да овозможиме оваа веб страна да работи правилно како и за нејзино понатамошно подобрување се со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња. Дознајте повеќе
Задолжителни
Статистика
Маркетинг
Our website uses cookies to ensure you have the best experience. To learn more about this or to change your settings, see our Privacy Policy. AcceptNo