Белград

> Белград

Белград

           БЕЛГРАД -ШОПИНГ

                  3 дена / 2 ноќевања

Белград е главен град на Србија, воедно и нејзин најголем град. Важи за град кој изминатите години се издвои како посебна атракција за туристи, како за оние кои акцент ставаат на културата, музеите и архитектурата, така и за оние кои пред се сакаат да искусат квалитетен и поразличен провод. Белград е синоним за најдобар ноќен провод во овој дел од Европа. Богата понуда на ресторани, барови, кафичи, затворени клубови, сплавови и од скоро актуелните градски кафани кои се печат за овој град. Токму затоа е толку актуелен кај помладата популација.

 

                 Цената на аранжманот изнесува: 99 € (6.138,00 денари)

 

                      В А Ж Н И   И Н Ф О Р М А Ц И И

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

*Цената на аранжманот е пресметана на минимум 35 лица (автобус)спрема условите на  новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19

*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување.

*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање

*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа (пасош не постар од 6 месеци по враќање од патувањето) и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

*Аконтацијата се уплака: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.

*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е са мо износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор

*Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус +45€ ова важи само кога е организирана група со автобус.

*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж) или цената на сместувањето.Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.

*Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.*Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.

*Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.

*Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. *Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество

*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

*Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.

*Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми / намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај, аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет...

*Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

*Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување

*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

*Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.

*Кредитни картици, вирманско плаќање,.

*Туристички кредит (6-36 рати ) аплицирање во агенција 15 минути во Агенција

*Плаќање преку синдикатски организации со посебни договори 

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатно патување 

Слични Понуди

Програма

1
1 ден СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
    Состанок на групата на Дрво Декор во 04.00 часот, поаѓање за Белград во 04:15ч. Ноќно патување, со кратки попатни одмори. Патувањето е преку граничен премин Табановце. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Разглед на градот со локален водич...Посета на црквата Св. Сава, ридот Топчидер (панорамски стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, Бранковиот мост, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, улицата Кнез Михајлова, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот...Слободно време,индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање
2
2 ден БЕЛГРАД-НОВИ САД-БЕЛГРАД
    Појадок. По појадокот – факултативно заминување за Нови Сад.Разглед на градот со водич: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина.Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Белград во попладневните часови. Вечерта, можност за ноќна прошетка низ центарот на Белград .Ноќевање
3
3 ден БЕЛГРАД – СКОПЈЕ.
    Појадок. Oдјавување од хотелот. Трансфер до центар и можност за факултативно крстарење по реките Сава и Дунав, двете реки кои го спојуваат Белград и на градот му даваат сосема друга димензија или слободно време до 13 часот. Планирана шопинг центар Галерија и посета на “ИKEA”. Поаѓање за Скопје околу 18.00 ч. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Организација и реализација на аранжманот и пратител на патувањето
Разглед на Белград со локален водич
2 ноќевања со појадок во Хотел 3*
Посета на шопинг центар Галерија
Посета на Икеа
Автобуски превоз на наведената релација
Туристичка такса

Цената Не покрива?

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување 5 €
  • Влезници при посета на културно-историските споменици
  • Факултативна посета и разглед на Нови Сад -15 €
  • Факултативно крстарење по Сава и Дунав - 20€
  • Доплата за 1/1 соба
  • Индивидуални трошоци

Pin It on Pinterest