Вила Саризас - Сивири

Лето 2025 > Грција > Касандра (l крак) > Сивири > Вила Саризас - Сивири

Вила Саризас - Сивири

ВИЛА САРИЗАС – СИВИРИ, ЛЕТО 2026

Куќа „Саризас“ е лоцирана најубавиот, централниот дел на Сивири, над шеталиштето. Оддалечена е околу 80 – 100 м од прекрасната песочна плажа.Опкружена со дрвја и со зеленило, има сопствен паркинг за неколку возила. Располага со 1/4, 1/5 и 1/6 апартмани, квалитетно опремени во традиоционален грчки стил, и големи терасисвртени кон море, сите опремени со ЛЦД ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет,комплетно опремена кујна. Во собите нема пешкири како дел од опремата.

Цената е за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз. Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите.

Термин

Ноќевања

Плаќаат 1 и 2 лице

Плаќаат 3, 4, 5 и 6 лице

30.5 – 6.6

7

139 x 2

55 x 2

6.6 – 13.6

7

175 x 2

55 x 2

13.6 – 20.6

7

219 x 2

55 x 2

20.6 – 27.6

7

235 x 2

55 x 2

27.6 – 4.7

7

249 x 2

55 x 2

4.7 – 11.7

7

259 x 2

55 x 2

 

 

 

 

 

Цената е објавена за наем на апартман за 7 ноќевања. Се плаќа целиот апартман без разлика дали во него ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети

Термин

Ноќевања

1/4 апартман

1/5 и 1/6 апарт.

11.7 – 18.7

7

665

700

18.725.7

7

735

770

25.7 – 1.8

7

770

840

1.8 – 8.8

7

770

840

8.8 – 15.8

7

770

840

15.8 – 22.8

7

700

770

 

Цената е за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз. Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите

Термин

Ноќевања

Плаќаат 1 и 2 лице

Плаќаат 3 и 4 лице

22.8 – 29.9

7

255 x 2

55 x 2

29.85.8

7

239 x 2

55 x 2

5.9 – 15.9

10

239 x 2

55 x 2

15.9 – 25.9

10

209 x 2

55 x 2

 

Напомени и услови:

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.

Цените во табелите 1 и 3се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат акои се повозрасни од 1година.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.

Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:

o    За возрасни 3,100 денари (50 евра)

o    За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)

Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.

Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.

Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Камелија“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 или на 10 ноќевања.

За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.

При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.

Преземањето на собите е од15 часотпрвиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Камелија травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

На денот на пристигнување, за гостите во куќите, вработените во т.а. „Камелија“ ќе бидат на располагање до 18ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на куќите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.iguana.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.

Категоризацијата на објектите – куќите не е во надлежност на т.а. „Камелија“ туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам и сл.

Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.

Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. „Камелија“ ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.

Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место

т.а. „Камелија“ не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на LastMinute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Камелија Турс“ и на самата агенција.

 

Важат општите услови на патување на Т.А. Камелија Турс Тур –Оператор. Побарајте програма при уплата на аранжман се уплаќа 30% за автобуска -50% авионска, преостанатиот износ од цената на аранжманот се доплаќа 10 дена пред поаѓање независно дали програмата е авионска, автобуска, бродска, индивидуално или групно патување. Секоја програма е креирана према условите на давателот на крајната услуга

Побарајте патничко осигурување и договор за патување. Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Во готово – авансно кредитни картици, вирманско плаќање. Патникот го   потпишува Договор пријава за патување и е согласен истиот Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена на возниот и воздушниот собраќај,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл..

Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на сместувачкиот капацитет/објект,превоз како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барање на нова услуга да се информира кај преставник,водич доколку има. Доколку нема патникот треба по писмен пат  на мел да ја извести агенцијата  за настанта ситуација, нашите агенти љубазно ќе Ви одговорат.

Доколку патникот е незадоволен треба да се обрати од 2 -5 дена по завршувањето на услугата по писмен пат мел да се обрати до матичната АГ. Се замолуваат патниците на време да бидат на појдовното место.Агентите 2 дена пред тргнување ќе го известат носителот на пријавата на  договорот  што го потписале во агенцијата останатите патници кои се запишани на самиот договор должни се да се информираат лично за  ИНФО Опции на плакање преку синдикати и работни организации со посебни договори.

Носител на овој програм е Камелија Турс или ко -организатор.Нашите агенти при избршување на уплата ќе ги известат за сите додатни информации на барање на патникот.Информирајте се во Агенцијата за пасошот и визата за граѓаните на РСМ-, како и за здравствените формалности неопходни за патувањето.

Во делот на новата настаната ситуација за информации од јавен карактер известување за патници што влегуваат во ЕУ секој патник треба да се информира преку јавните гласили и портали за пополнување на електронска апликација.Информациите се преземени од Јавни гласила.Агенцијата нема одговорност.

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса  Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции Лиценца издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.

 

 

ТА КАМЕЛИЈА ТУРС ТУР ОПЕРАТОР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ И ПРИЈАТЕН ОДМОР

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest