Тајланд Бангкок и Пукет
Рута: Скопје Истанбул Бангкок Пукет Истанбул Скопје
План и програма валидни за термините: 09.10 и 21.10.2026
Добредојдовте во царството на зачинета и вкусна храна ТајландЗемја со најубавите плажи на светот, топли и насмеани луѓе, чии насмевки зрачат со некоја добрина, спокојство. Земја во која ноќта и денот мирисаат на живот, егзотични дождовни шуми, тиркизно сино море, урбани градови и пусти острови, племиња и модерно население… Самото име на земјата зборува за нејзината уникатност - „thai“ на тајландски значи слобода!
Тајландсо причина е една од најпопуларните дестинации во светот за патување и „патување кое не треба да го пропуштите во текот на животот“! Има едно правило: Можеби прв пат си тука но сигурно не и последен, кој еднаш дојде во урбаната џунгла, се враќа сигурно повторно, без исклучок зошто тоа еБангкок! Неопислив, луд, брз и привлекувакако магнет, колку повеќе му се приближуваш толку потешко ќе се отргнеш. Ако постоинешто што не смеете да го пропуштите при посетата наБангкок, тоасе спектакуларните храмови, заслепувачки од злато и без никаква дилема највпечатливите симболи на градот. Преставуваат доказ за креативноста, имагинацијата, уметноста и духовни центри на кралството!Бангкок, не го чинат само храмовите, облакодери, гужва, бучава.. Недалеку одБангкоксе наоѓа и пловечкиот пазар каде пазариме во духот на старите тајландски земјоделци со чамци низ зеленкастата вода..Оттаму одиме на најголемиот остров наТајланд-Пукет! Овој остров кој никогаш не спие е идеален за спектакуларен ноќен живот и забава до зори.Прекрасни бели песочни плажи, острови и живописна природа и едно од најегзотичните места на светот!
12 ДЕНА / 1.599 еур
Сите уплати се вршатисклучиво во денарска противредностпо курс од 62 денари за 1 евро. При пријавување се плаќаат200€ (12.400,00 МКД) по лице.Преостанатиот дел се плаќанајдоцна 40 дена пред поаѓање.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се доставискренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето),во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Доколку се пријавите какосоло патник, потребна едоплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави.Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останувакако ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Во цената на аранжманот е вклучено:
СместувањеTwin Towers Hotel 4* https://www.thetwintowershotel.com/ и Nipa Resort 4* https://www.niparesort.com/
Превоз авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), економска класа и вклучен багаж, авио билет со сите такси на релација Истанбул - Бангкок (Turkish Airlines), економска класа и вклучен багаж, Трансфери од аеродром до сместувањето и од сместувањето до аеродром, авио билет со сите такси на релација Бангкок - Пукет, економска класа и вклучен багаж, авио билет со сите такси на релација Пукет - Истанбул (Turkish Airlines), економска класа и вклучен багаж, авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), економска класа и вклучен багаж,
Храна 10 × Континентален појадок
Во цената на аранжманот не е вклучено: Виза за Тајланд со еден влез и услуга за визирање, која изнесува 100€, Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Факултативни излети Термините и цените се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Важат општите услови на патување
Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.Цената на аранжманот е пресметана на минимум 18 лица Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓањеРезервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа со нови пасоши и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.Аконтацијата се уплака: од 50% од цената. Цената е загарантирана само за целосна уплата.Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.Патникот го
потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж,локален водич,факултативите,сместување во објектот).Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети: Во случај на помал број патници (од предвидените 18 патници не се пријават тогаш се зголемува цената за факултативите) во зависност од тоа колку ќе се пријават цената на факултативите е подложна на промена на лице место согласно политиката на локалната Агенција или локалниот водич.Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите.Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и локалните објекти кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии.Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата. Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ-НАТА членка на ЕТОА Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.
ТА Камелија Ви посакува пријатно патување !