Hotel Putnik 4*-Копаоник

Зима 2026/27 > Србија > Hotel Putnik 4*-Копаоник

Hotel Putnik 4*-Копаоник

Хотел Путник се наоѓа во Сончевата Долина, најубавиот дел на Копаоник, на 1.650 м/нв. Комплетно реновираниот хотел сега на своите гости им нуди сè што ќе го направи нивниот одмор комфорен, интересен и пријатен. Сместувачкиот капацитет е 116 единици, односно 270 легла, од кои на гостите им се на располагање 83 модерни стандардни соби, 13 фамилијарни соби и 6 луксузно опремени апартмани, како и Супериор Вила Путник, која е во состав на хотелот и им нуди на гостите 6 фамилијарни и 8 стандардни соби. Хотелот има директен излез на скијачката патека Сончана Долина 1C.

Гостите ги очекуваат богати дополнителни содржини: СПА & ВЕЛНЕС центар, пансионски ресторан, лоби бар, игротека за деца, фитнес центар, конгресен центар и сала за состаноци, повеќенаменски отворени спортски терени, паркинг, банкомат. Секојдневно хотелот за своите гости организира трансфер со минибус до центарот на скијалиштето, како и враќање до хотелот.

ХОТЕЛ ПУТНИК КОПАОНИК4*  ЗИМА 2026- 2027

СУПЕРИОР ВИЛА

 ПУТНИК4*

 

РАН БУКИНГ 20% ДО 31.10.2026 – МИН. 7 НОЌЕВАЊА
РАН БУКИНГ 15% ДО 31.10.202
6 – МИН. 5 НОЌЕВАЊА

 

ПЕРИОД

 

УСЛУГА

СТАНДАРД

ФАМИЛИЈАРНА

АПАРТМАН

СТАНДАРД

ФАМИЛИЈАРНА

1/1

1/21/3

1/31/4

MIN4OSOBE

1/1

1/2

1/31/4

01.12.-19.12

 

 

 

 

 

ПОЛУПАНСИОН

150

100

110

110

173

115

20.12.-28.12

173

115

127

127

198

132

29.12.- 02.01

270

180

198

198

311

207

03.01-16.01

195

130

143

143

225

150

 17.01 – 11.02

180

120

132

132

207

138

12.02.-06.03.

225

150

165

165

260

173

07.03.-09.03

240

160

176

176

276

184

10.03 – 13.03

173

115

127

127

198

132

14.03.– 03.04

150

100

110

110

173

115

*Цените се изразени во € по лице по ноќевање.
*Доплата за еднокреветна соба изнесува
+ 50% од дадената цена.
*Цената за ноќевање со појадок се намалува за 10% од дадената цена за полупансион.
За оваа услуга е потребно задолжително барање.
*Свечената
Новогодишна вечера на 31.12.2026 е вклучена во цената

Check-in: 14:00 h | Check-out: 10:00 h      

УСЛОВИ ЗА ДЕЦА:
• Децата до
2 години имаат бесплатен престој.
• Децата од
2 до 12 години во придружба на возрасно лице плаќаат 70% од цената ако користат посебно легло или 50% од цената ако користат заедничко легло.

ЦЕНИ НА АРАНЖМАНИ:
• Цените на аранжманите се однесуваат на периодот од 01.12.202
6 до 03.04.2027 и се прикажани во евра (€) по лице, по ден..

РАНИ БУКИНГ ДО 31.10.2026:
• 20% попуст на седумдневни аранжмани
• 15% попуст на петдневни аранжмани

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
• 50% уплата најдоцна 3 дена по испраќање на профактурата за потврда на резервацијата.
• Остатокот до 100% е задолжително да се уплати најдоцна
20 дена пред аранжманот.
• Бројот на соби е ограничен и акцијата може да биде прекината пред истекот на 31.10.202
6.

УСЛУГИ И СОДРЖИНИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА ПРЕСТОЈОТ:
Користење на
Wellness & Spa според работното време на центарот:
  • Затворен базен за возрасни
  • Затворен базен за деца
  • Џакузи
  • Финска сауна
  • Руска сауна
  • Инфрацрвена сауна
  • Турско купатило

·                            Користење на фитнес центар

ЦЕНАТА НЕ ГИ ВКЛУЧУВА СЛЕДНИВЕ УСЛУГИ:
• Масажа и Хамам – потребна е резервација.
• Игротека за деца .
•
Туристичка такса по лице, по ден:
  • Возрасни – 150 RSD
  • Деца (0–7 год.) – бесплатно
  • Деца (7–15 год.) – 75 RSD
• Осигурување во износ од 20,00 RSD по лице дневно, без разлика на возраста.

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ НА АРАНЖМАН И ПРОМЕНА НА ТЕРМИН:

Патникот е должен писмено да ја извести агенцијата за откажување или промена на терминот на аранжманот. Во зависност од роковите за отказ, се задржуваат следниве проценти од вкупната цена на аранжманот:

• 30% ако се откаже 45–15 дена пред почетокот на аранжманот
• 100% ако се откаже 14–0 дена пред почетокот на аранжманот

Дополнителни услови:
• По потврдената резервација, промена на терминот може да се изврши исклучиво со согласност на хотелот.
• Доколку гостот, од било која причина, го прекине престојот порано, хотелот го задржува правото да не го рефундира износот за неискористениот дел од аранжманот.
• Хотелот не ги смета неповолните временски услови за важечка причина за отказ на резервацијата или за предвремено заминување од хотелот.
• Во случај на виша сила (временска непогода од големи размери, штрајк, војна, епидемија, смрт, терористички напад, затворање на аеродроми, железнички или автобуските станици, или слични непредвидени околности), потврдена со прогласување на вонредна состојба од страна на државата, гостот нема да биде задолжен за аранжманот.

 

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest