Загреб Автобуска програма

Нова Година Загреб > Загреб Автобуска програма

Загреб Автобуска програма

ЗАГРЕБ НОВА ГОДИНА(со посета на Љубљана)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.12: 189€ / 11.720 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 €/ 12.960 ден.

 


НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден 30.12 Петок СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ
    Состанок со групата на паркингот пред хотел "Holiday Inn" во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.
2
2 Ден 31.12 Сабота ЗАГРЕБ
    Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица... Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.
    Вечерта дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.
3
3 Ден 01.01 Недела ЗАГРЕБ-ЉУБЉАНА–ЗАГРЕБ
    Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер... Враќање во Загреб. Вечерта, повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” - црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Ноќевање.
4
4 Ден 02.01 Понеделник ЗАГРЕБ–СКОПЈЕ
    Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови

Цената покрива:

Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
Посета на Christmas market
Посета на шопинг центар “Arena Centar
Организиран разглед на Загреб со локален водич
Сместување во хотел Aristos 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената Не покрива?

  • Посета на Љубљана 40 евра
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Туристичка такса 370 ден. по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба 4200 денари
  • Доплата за избор на седиште во автобус 10 евра
  • Дете до 3години гратис (без легло)
  • Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 1860 ден за две ноќевања

Pin It on Pinterest