Дубровник

Дубровник

Дочекајте ја Новата 2023 Година во Дубровник градот  бисер на Јадранот еден од најпознатите
туристички центри на Јадранот со преубава околина кој е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на
целата година. Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните

зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија,Катедралата, Синагогата,

Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор –Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици.

 

ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ 139 ЕВРА 

НАПОМЕНА:

§   За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40патници

§   Цената е изразена во €,плаќањето се врши исклучиво во денарска против вредност1€=62,оо

                   §  За патувањето важат општите услови на патување на Т.А Камелија Турс и СКТМ.

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден СКОПЈЕ - БУДВА – ДУБРОВНИК 30.12.2022
    Состанок на групата во вечерните часови. Се патува преку граничниот премин Блаце. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Косово се до Будва. Патување со попатни одмори.
2
2 Ден БУДВА – ДУБРОВНИК - 31.12.2022
    Пристигнување во Будва во утринските часови. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири
    и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Сместување во хотел. ДОЧЕК НА НОВАТА 2023 година на плоштад. Ноќевање.
3
3 Ден ДУБРОВНИК - МЕЃУГОРЈЕ - МОСТАР 01.01.2023
    Појадок. После појадокот заминување кон Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божија. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата. Заминување кон Благај каде се наоѓа изворот на реката Буна. Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Ноќевање.
4
4 Ден. ДУБРОВНИК – КОТОР – СКОПЈЕ 02.01.2023
    Појадок. После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско култуно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Албанија, Косово се до Скопје преку граничниот премин Блаце. Патување со попатни одмори.

Цената покрива:

Организирани разгледи по програмата во Будва, Котор и Дубровник
Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата
Организација и водство на патувањето
Сместување во хотел со 3+ *** на база 2 ноќевања со појадок (шведска маса )
Автобуски превоз на дадената релација по програмата

Цената Не покрива?

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Факултативна посета разгледи по програмата во Меѓугорје и Мостар ( 30 € )
  • Останати факултативни посети по програмата
  • Патувачко осигурување

Pin It on Pinterest