Копаоник Нова Година

Нова Година 2027 > Копаоник Нова Година

Копаоник Нова Година

 Дочекајте ја Новата 2027 година во топол и пријатен амбиент во Апарт Хотел КОПАОНИК БРЗЕЧЕ,  со прекрасен поглед од најубавите пејсажи и снежните падини на КОПАОНИК      

Сместено на североисточната страна на Копаоник, на околу 1.100 метри надморска височина, Брзече е едно од најубавите планински места за одмор во текот на целата година. Познато по чистиот планински воздух, нетакнатата природа и погледите кон снежните врвови, Брзече е совршена дестинација за љубителите на природа, авантура и релаксација.

               Термин ►

   30.12.2026 - 02.01.2027

               

    

               Редовна цена 

  295 € 

 

 

 

Деца од 5 до 9 години: Плаќаат  185 € ги користат услугите на хотелот и превоз

Доколку се користи додатна услуга за + ноќевање во хотел – на барање

Аранжманот  можеме да Ви го понудиме на  8 рати започнувајќи од месец Мај..

Од информативен карактер: Со потпишување на Договорот–Пријава за патување, помеѓу: Т.А КАМЕЛИЈА ТУРС ДООЕЛ Лиценца А Бр:202, ПАТУВАЊЕ: Т.А КАМЕЛИЈА ТУРС ДООЕЛ-и Патникот.Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 и АД.САВА Посебни услови за осигурување од одговорност на туристички агенции и Клиент- Договорувач на патувањето или носител на пријаваПатникот потврдува дека е целосно запознаен со програмата на патувањето, Општите услови за патување и отказната политика на агенцијата и дека истите ги прифаќа во целост. Сите евентуални барања за отказ, измена или рефундација ќе се разгледуваат исклучиво согласно одредбите од потпишаниот договор, важечките Општи услови и релевантните законски прописи. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е10 дена пред поаѓање.Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 35 патници доколку не е договорено поинаку При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира иститеАгенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultrafirst или lastminute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Начин на плаќање: со сите можни картици, фактура или во готово.

Тимот на КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ !

Програма

1
30.12.2026 Скопје - Копаоник
    Состанок на групата од пред Дрво Декор во 06:00 часот. Поаѓање кон Kопаоник во 06:30 часот со попатни паузи. Пристигнување во Брзече и сместување во хотелот.Ручек. Слободно време за индивидуални активности во Брзече.Вечера.(шведска маса).Ноќевање.
2
31.12.2026 Копаоник
    Појадок. По појадокот за љубителите на зимскиот спорт имаат можност за факултативно посета на скијачките центри каде се познатите кафулиња, салаши и ресторани. Заминување кон Копаоник и запознавање со нивните убавини. Факултативен превоз со шатл-бус до центарот на Копаоник. Во договор со Водичот враќање во хотел. Слободни активности и одмор. Од 21:00 часот започнува Програмата со Свечена вечера, музика и забава со локален бенд до доцните вечерни часови.Ноќевање.
3
01.01.2027 Копаоник
    Појадок. По појадокот,Слободни активности и заминување до скијачките центри со шатл бус. Уживање во убавините на Копаоник.. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време. Во вечерните часови реприза на новогодишната ноќ. Свечена вечера и музика. Ноќевање.
4
02.01.2027 Копаоник-Скопје
    Појадок. По појадокот одјава од хотелот и заминување.Попатни паузи за одмор и царински формалности. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.

Цената покрива:

Превоз со високотуристички автобус
Oрганизација и водство на патувањето и пратител
2 свечени вечери (31.12.2026 и 01.01.2027 со музика)
Трансфер со шатл бус до скијачкиот центар Копаоник на 01.01.2027
2 полни пансиони на база појадок, ручек вечера i 1 полупансиони појадок и вечера

Цената Не покрива?

  • Туристичка такса се плаќа на рецепција 0.85 € од ноќ
  • Трансфер со шател бус до скијачките центри на Копаоник на 31.12 - 5€
  • Патничко осигурување – 5 € до 62 години

Pin It on Pinterest