Хотел КАМЕЛИЈА 2* Тиват

Лето 2025 > Црна Гора > Хотел КАМЕЛИЈА 2* Тиват

Хотел КАМЕЛИЈА 2* Тиват

Ако сте турист што сака времето да го помине што е можно повеќе надвор од сместувањето и сместувањето да го користи БУКВАЛНО за да преноќи и туширање тогаш сте на право место.
Доколку сте личност што сака да истражува, да посетува различни места, градови, плажи, да оди на крстарење на овој активен одмор нема време кога да ви биде здодевно, бидејќи агендата е целосно пополнета, а за 8 дена тоа што ќе го видите и истражите е повеќе од доволно. Понудата е со 7 ноќи на база појадок и вечера, а хотелот е со базен и е на сама плажа.

Хотел Камелија со 2* се наоѓа на сама плажа, на 20 минути пешачење до Порто Монтенегро и 30 минути до шеталиштето во Тиват. Објектот нуди сместување со градина, бесплатен приватен паркинг, ресторан, 2 базени со лежалки, бар за гостите и приватна плажа со сопствени лежалки (со доплата). Хотелот располага со ресторан со 500 седишта, отворен бар на тераса, отворен базен за деца и возрасни, игралишта за кошарка, тенис и одбојка. Собите се за 2 лица, со брачен или два единечни кревети. (поголем дел од собите со два единечни кревети немат можност креветите да се спојат еден до друг. Собите поседуваат сопствен тоалет, клима уред и фрижидер и  нема мини кујна.

Поаѓањето е во утринските часови oколу 03:00ч на денот на започнување на одморот. Цените се изразени од лице со вклучен превоз, 7 ноќевања на база појадок и вечера

 

Термини

1/2 студио со брачен кревет

1/2 студио со единечни кревети

22.07- 29.07.2025

409€ 319€

379€ 292€

29.07-05.08.2025

429€ 337€

389€ 310€

05.08-12.08.2025

429€ 337€

389€ 310€

 

 

 

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Автобуски превоз
7 ноќи во Хотел Камелија 2*, на база појадок и вечера
Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој
Лежалки на базен

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултативни излети
Туристичка такса 10, 5 евра за целиот престој од лице
Посета на плажата ,,Plavi Horizonti’’- 20 евра
Посета на плажата ,,Jaz’’- 25 евра
Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич- 40 евра
Вечерна посета на Будва- 15 eвра
Посета на плажата Плоче- 20 евра
Разглед на Котор со водич+ крстарење по Бока Которска, островот Gospa od Skprelja и Пераст- 45 евра
ЈАДРАН ПАКЕТ- 90 евра (5 екскурзии)- заштеда 30 евра
Посета на плажата плави хоризонти
Посета на плажата ,,Jazz"
Посета на Дубровник и разглед на градот со локален водич
Вечерна посета на Будва
Посета на плажата Плоче

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

ПРВ ДЕН

Влезот во собите е по 14:00ч. Сместување и одмор на локалната плажа. Вечера и запознавање на групата заедничка дружба во дворот на хотелот. Ноќевање.

OД ВТОР ДО ПОСЛЕДЕН ДЕН СЕ ОРГАНИЗИРААТ ЕКСКУРЗИИ

Плажа Плави Хоризонти: Плажата се наоѓа на полуостровот Луштица e 300 м покриена со извонреден златен песок и сместена среде живописната борова шума со маслинови дрвја.
Плажата нуди низа рекреативни активности, вклучувајќи одбојка на плажа, тенис и кошарка. На лице место има ресторан кој нуди врвна услуга. Плажата е со сино знаме.

Котор, Бока Которска, островот Gospla od Skrpjela и Пераст Појадок и после појадокот одиме на целодневна екскурзија: разглед на Котор со водич и крстарење по Бока Которска, островот Gospa od Skprelja и Пераст. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е за3 века постара од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола.

По разгледот следува крстарење кое трае околу 3 часа: Ова крстарење е доста атрактивно, а првото место што ќе го посетиме е островот GOSPA OD SKRPELJA. Што е специфично за овој остров? Госпа од Шкрпјела е вештачки остров изграден на крајот на 15в каде, барем според традицијата, браќата Моршиќи на 22 јули пронашле икона на Пресвета Богородица на карпа во заливот Рисан. Перастчани решиле на тоа место да изградат Римокатоличка црква, храм на Богородица. Околу карпата биле фрлани камења и била изградена мала капела. По ,,Gospa od Skrpelja’’, поминуваме низ најтесниот дел на заливот, Вериге, каде што непријателските бродови застанувале со синџири и го продолжуваа нашето патување по заливите Тиват и Херцег Нови. Оваа турнеја ќе ве однесе и до озлогласениот остров Мамула, поранешен затвор. Следува кратка посета на старите подморнички бази. На крајот од патувањето се посетува Сината пештера како место за уживање и релаксација. Ова место, достапно е само со брод, а познато е по кристално чистата сина вода што ја опфаќа пештерата.

Посета на плажата ,,Jaz”: Оваа плажа е живописен дел од крајбрежјето во Црна Гора што се протега приближно 1,5 км и е поделено на три различни делови. Првиот, Jaz I , најблиску до Будва, е украсен со големи камења и камчиња, создавајќи уникатен пејзаж кој ги привлекува оние кои ја ценат природната убавина. Продолжувајќи понатаму, Jaz II може да се пофали со мешавина од мали камчиња и песок, што нуди различна текстура под нозете. Најзатскриениот дел, сместен надвор од разбрануваната река што го следи работ на плажата, има брег прекриен со фин, златен песок. На оваа плажа се организирале многу концерти како на Мадона, Дино Мерлин, Ролингстонс. Ден за одмор, уживање и водени лудории.

Посета на Дубровник и разглед на градот со локлаен водич: Појадок и се упатуваме на целодневна екскурзија во Дубровник кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15 и 16 век. Од градските ѕидини се нуди незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море… Слободно време за капење или истражување на градот. Враќање во хотел. Вечера, слободно време за одмор. Ноќевање.

Посета на плажата Плоче: Полудневна екскурзија до плажата ,,Плоче’’ на брегот на Јадранското Море, во непосредна близина на Будва. Плажата има површина од 10.000 м2. За љубителите на убавото време има и коктел бар каде секојдневно се одржуваат настапи на различни диџеи а овде се одржуваат најдобрите журки во Будва.

Вечерна посета на Будва

Ден 8

Напуштање на собите и слободно време до договорениот термин за тргнување назад. Собите се напуштаат во 09:00ч. а поаѓањето за Скопје е во 14:00ч. Пристигнување во вечерните часови.

 

ОПШТИ  НАПОМЕНИ:

Секој програм е креиран со посебни услови.Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

Аконтацијата се уплака: од 30%, а остатокот 15 дена пред користење на првата усуга.

Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување.

Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

Препорачуваме патничко осигурување кое може да го извадите кај нас во агенција !

Цената на аранжманот може да се измени во случај на промена на цената на горивото, и останати фактори кои влијаат на формирање на цената. Сите уплати до тој момент важат според старата цена.

Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.

Задолжително, 48 часа пред поаѓање, проверете ја сатницата и местото на поаѓање.

Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување.

редитни картици, вирманско плаќање.

*Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А и СКТМ и одлука –од Камелија Турс 0д 04.01.2021- 30/2021година

*Информации и резервации во Камелија Турс Маил адреса:  info@camelliatravel.com.mk

 

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатен одмор !

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest