Известување за сите патници кој сакаат да патуваат во Грција
Сите патници кои од први јули годинава ќе одат во Грција мораат да имаат пополнета електронска пријава најмалку 48 часа пред влезот во земјата по што на мејл ќе добијат QR код што треба да го покажат при влез во земјата.
Врз основа на скениран QR код, здравствен тим ќе одлучи дали ќе се направи тестирање на патниците или без дополнително задржување ќе продолжат со пат
Во протоколот се нагласува дека сите патници мора да се придржуваат кон сите неопходни мерки за превентивна хигиена (употреба на маски и физичко растојание).
Ако луѓето што пристигнуваат во Грција планираат да застанат на неколку места во земјата, тие мора да го пријават тоа, заедно со нивната оригинална дестинација и маршута.