Како безбедно да престојувате во хотел за време на пандемија❓
✅Носете заштитна маска. Ако се движите во затворена просторија каде тешко може да одржите дистанца од 2 метри и треба да имате интеракција, обавезно носете заштитна маска.
✅Редовно мијте ги рацете. Рацете треба да се мијат и дезинфицираат после секоја интеракција, па често користете ги геловите за дезинфекција – кои треба да бидат поставени на повеќе видливи места во хотелот и редовно мијте ги со сапун, во траење од минимум 20 секунди.
✅Не користете лифт, движете се по скали. Избегнувајте користење на лифт во хотелот и контакт со останатите гости, движете се по скали. Ако не можете да се качувате и симнувате по скали, при резервација на собата напоменете дека сакате да се сместите во соба на најнискиот кат. Исто така, избегнувајте да поминувате дел од времето во лобито на хотелот и останатите простории за групна интеракција.
✅Одберете хотел кој има ресторан на отворено. Најсигурна опција за консумирање на оброци е на отворено, па побарајте хотел кој има ресторан со отворена тераса или евентуално побарајте опција оброците да ви ги доставуваат во соба (таа опција најчесто се доплаќа).
✅Користете базен на отворено. Според истражувањата вирусот Covid-19 не може да преживее во хлорирана вода и да се пренесува во базен, па затоа може да пливате во базен, но сепак внимавајте да одржувате дистанца од 2 метра од другите посетители на базенот – и во водата и надвор од неа, како и да ги дезинфицирате лежалките на базенот пред да ги користите.
✅ Не користете теретана и спа. Оваа година прескокнете ги овие две погодности во хотелите. Не се препорачува рекреација и масажа во затворен простор, но може да се рекреирате на отворено, во природа.
Придржувате се кон овие совети и имајте безгрижен летен одмор.