Факултативни излети за активен одмор во Албанија

Џирокастро & „Сино око“

blue eye

Фасцинантниот стар град Џирокастро е под заштита на УНЕСКО. Средновековен град со прекрасна архитектура, ни покажува богато минато на град изграден на рид, со поглед кон планините и долината. Возењето до самиот е прекрасно. По пристигнувањето, прво се посетува градот и замокот, кој нуди прекрасен поглед на градот и неговата околина. Овој голем замок е исто така музеј на оружје. Оттука, се оди по  тесните градски улици кои водат кон Етнографскиот музеј, кој порано беше куќа на родителите на поранешниот диктатор Енвер Хоџа. Овој интересен музеј ќе ви даде добра слика и ќе ве врати во периодот кога луѓето живееле во Албанија за време на Отоманската империја.Го напуштаме градот и се заминува во Националниот парк Сино око. Во оваа мирна шума лежерно ќе прошетаме до кристално чистиот извор Плаво око каде што водата доаѓа од длабочините со капацитет од 900м3 во минута. .Можност за пауза за кафе во еден од рестораните

 Jeep Сафари - плажа Химара

jeep

 Прво се посетува неверојатниот ресторан во селото Борш, каде што водопадот поминува точно низ градината на ресторанот. Следна  дестинација ќе биде планинското село Пилур. Од Кепаро до Пилур возењето е по асфалтен пат и претежно по угорница. Во Пилур се посетува црквата Св. Марија. Прошетка низ селото и запознавање со локалното населениа .Можност за организација  за пауза за ручек  со традиционално јадење. После ручекот се оди на плажата Химара. Тука  на оваа плажа се ужива  2-3 часа. Ова е една од најубавите плажи на целото албанско крајбрежје.

 Плажа Крорез и Какоме

krorez

Самата Албанија е позната по огромен број плажи и мали заливи до кои може да се стигне само со брод или глисер, а кои изгледаат нереално! Благодарение на ваквите локации со прекрасна, тиркизна и чиста вода, Албанија е наречена „европска егзотика“.Искористете ја можноста и со брод посетете ги пространите и прекрасни плажи на југот на Албанија.Возење со брод до заливот каде се наоѓа прекрасната плажа Какоме. Во овој залив ве чека транспарентна и тиркизна морска вода - токму оној вид на кој му се восхитуваме кога ќе ја видиме на фотографии. По плажата Какоме одиме на плажата Крорез. Сончање, пливање, уживање во пијалоци или храна во локалната таверна . Благодарение на кристално чистата вода, плажата Крорез е една од омилените во Албанија, но секогаш е можно да го најдете вашиот мир на неа бидејќи до неа се стигнува само по  воден пат.

 Рафтинг на кањонот Осуми

rafting

Поаѓање кон кањоните Скрапари. Тука, по добивањето на соодветната опрема, започнете го Вашето патувањето меѓу неверојатните кањони, кое ќе биде една вистинска авантура.Турата трае од 2,5- 4 часа, тоа зависи од нивото на водата. Можност за организација на ручек со традиционално јадење.

Целодневно крстарење  до островот Сазан и полуостровот Карабурун

sazan

Заминување на крстарење до полуостровот Карабурун,кој што воедно е и најголем во Албанија, со површина од 62 км квадратни и е без популација.Долг е 16 километри  со ширина што варира од 3 до 4,5 километри. Полуостровот е природен резерват и воена зона, додека околните морски води се дел од Националниот морски парк Карабурун-Сазан Национален морски парк.Се  продолжува патувањето кон островот Сазан. Овој остров е најголем во Алабанија и најзападната точка на земјата.Островот има должина од 4,8 км и ширина од 2,7 км, со површина од 5,7 км2. Островот има три високи точки, а највисоките се 337 метри надморска височина, на север од островот. Островот Сазан има крајбрежје на 15 км.Покрај нејзиниот западен брег има карпи кои се спуштаат на 40 метри под вода. Сазан има клима невообичаена во Албанија поради нејзината поморска локација. Не е медитеранска, туку суптропска заради топлите зими и жешките лета. Климата и вегетацијата личат на оние од југот на Крит, Тунис, па дури и делови од Египет

Pin It on Pinterest