Хотел Santa Lucia Le Sabbied’Oro – Чефалу, Сицилија ЛЕТО 2026
Лоциран на живописен ридест полуостров, хотелот Santa Lucia Le Sabbied’Oro има прекрасен поглед кон заливот на Чефалу, град познат како „Бисерот на Тиренското Море“. Хотелот претставува престижен западен влез кон овој шармантен крајбрежен град.
Гостите уживаат во спектакуларен поглед кон средновековниот стар град издигнат над синото море, доминиран од катедралата од арапско-нормански стил изградена од кралот Роџер II. Над градот се издига масивната карпеста формација „Рока“, а во далечината се гледаат Еолските острови, заштитени од УНЕСКО.
Локација
Хотелот се наоѓа во близина на историскиот центар на Чефалу и на само неколку чекори од морето.
Оддалеченост
· Аеродром Палермо: 90 км
· Центар на Чефалу: 2 км
· Автобуска станица: 100 м
· Плажа: околу 100 скали
Плажа
|
Хотел Santa Lucia Le Sabbie d’Oro 3* Чефалу, Сицилија
|
17.07-22.07.2026
5 ноќи со појадок и вечера |
15.07-22.07.2026
7 ноќи со појадок и вечера |
|
Цена по лице за пакет аранжман во 1/2 соба |
од 655 евра |
од 770 евра |
Приватна песочна плажа со лежалки и чадори – вклучено во цената.
Во дадената цена е вклучено:
ØАвионски превоз Скопје – Палермо – Скопје
Ø5 или 7 ноќевања со појадоки вечера
ØТрансфер аеродром – хотел – аеродром
ØРачен багаж до 8 кг
Во дадената цена не е вклучено:
ØИндивидуални трошоци
ØПатничко осигурување
НАПОМЕНА
Важат општите услови на патување на Т.А. Камелија Турс Тур –Оператор. Побарајте програма при уплата на аранжман се уплаќа 30% за автобуска -50% авионска, преостанатиот износ од цената на аранжманот се доплаќа 10 дена пред поаѓање независно дали програмата е авионска, автобуска, бродска, индивидуално или групно патување. Секоја програма е креирана према условите на давателот на крајната услуга
Побарајте патничко осигурување и договор за патување. Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Во готово – авансно кредитни картици, вирманско плаќање. Патникот го потпишува Договор пријава за патување и е согласен истиот Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена на возниот и воздушниот собраќај,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл..
Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на сместувачкиот капацитет/објект,превоз како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барање на нова услуга да се информира кај преставник,водич доколку има. Доколку нема патникот треба по писмен пат на мел да ја извести агенцијата за настанта ситуација, нашите агенти љубазно ќе Ви одговорат.
Доколку патникот е незадоволен треба да се обрати од 2 -5 дена по завршувањето на услугата по писмен пат мел да се обрати до матичната АГ. Се замолуваат патниците на време да бидат на појдовното место.Агентите 2 дена пред тргнување ќе го известат носителот на пријавата на договорот што го потписале во агенцијата останатите патници кои се запишани на самиот договор должни се да се информираат лично за ИНФО Опции на плакање преку синдикати и работни организации со посебни договори.
Носител на овој програм е Камелија Турс или ко -организатор.Нашите агенти при избршување на уплата ќе ги известат за сите додатни информации на барање на патникот.Информирајте се во Агенцијата за пасошот и визата за граѓаните на РСМ-, како и за здравствените формалности неопходни за патувањето.
Во делот на новата настаната ситуација за информации од јавен карактер известување за патници што влегуваат во ЕУ секој патник треба да се информира преку јавните гласили и портали за пополнување на електронска апликација.Информациите се преземени од Јавни гласила.Агенцијата нема одговорност.
Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883Туристички агенции Лиценца издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.
ТА КАМЕЛИЈА ТУРС ТУР ОПЕРАТОР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ И ПРИЈАТЕН ОДМОР