Грузија

Грузија

ГРУЗИЈА

Tермин: 14.10-18.10.2026

4 Дена / 3 ноќевања / Авион

Цена на аранжманот: 849 евра (52.640 денари)

 Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ .членка на ЕТОА

Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси  

АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции.

Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

 

Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

 

Слични Понуди

Програма

1
14 Окт СКОПЈЕ - СОЛУН- КУТАИСИ
    Состанок на групата во 13.30 часот пред хотел Бристол. Пристигнување на аеродромот во Солун. Полетување за Кутаиси во 21.20 и пристигнување во 00.55 часот локално време. Трансфер и сместување во хотел во Кутаиси. Ноќевање.

2
15 Окт KУТАИСИ – МЦХЕТА - ТБИЛИСИ
    Појадок. Патувањето продолжува до градот Мцхета каде се посетуваат катедралата Светицховели (тука ќе се направи поклонување на гробот на отецот Гаврил Грузиски), манастирот Жвари, Женскиот манастир и базиликата Антиохија со долга христијанска историја. Пристигнување во Тибилиси. Фолклорна вечера со традиционална грузиска храна во ресторан Tsiskvili Restaurant. Сместување во хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.

3
16 Окт ТБИЛИСИ – АНАНУРИ – ГУДАУРИ – КАВКАЗ- ГЕРГЕТИ
    Појадок. Факултативна посета на комплексот Ананури, средновековна тврдина. Посета на Гудаури, бескрајна планинска убавина на Грузија. Пристигнување во Казбеги, набљудување на снежните врвови на Кавказ. Возење со теренски џипови до планината Гергети. Црквата Троица Гергети, сместена високо на падините на планината Гергети на 2.170 метри е врвот на оваа авантура. Црквата, со своите камени ѕидови и иконската силуета наспроти високиот Казбек е симбол на грузиската вера и наследство. Разглед на областа Кеви. Враќање во хотел. Слободно време за прошетка. Ноќевање.

4
17 Окт ТБИЛИСИ
    Појадок. Локална прошетка низ Тбилиси која започнува со посета на црквата Метехи, со богата кралска историја од која може да се ужива во панорамскиот поглед на Тбилиси. Низ паркот Рике следи возење со жичарница до тврдината Нарикала, популарна туристичка атракција, совршено место за фотографирање. Прошетка до кањонот Легвтахеви, старите населби на Тбилиси, познати по лековитите сулфурни бањи, улиците Шардени и Ерекле II, плоштадот Мајдан, Мостот на мирот и авенијата Руставели, позната по уметничките галерии, продавници за сувенири, автентични кафулиња и ресторани. Попладне за слободни активности..
    Во вечерните часови препорачуваме посета на некоја од многуте цркви, каде што може да се доживее велигденската атмосфера и уникатната духовна традиција на една од првите христијански држави. Ноќевање.
5
18 Окт ТБИЛИСИ – ГОРИ – МУЗЕЈОТ НА СТАЛИН – КУТАИСИ
    Појадок. Oдјавување од хотелот. Посета на винаријата Chateau Mukhrani каде ќе се дегустираат традиционални и локални вина. Потоа продолжуваме во градот Гори, прошетка низ музејот на Ј.В.Сталин кој дава детална слика за ликот и животот на Сталин, влијателна и поларизирачка историска личност. Поаѓање кон Кутаиси и посета на Академијата Гелати и Манастирскиот комплекс, светско наследство на УНЕСКО. Пристигнување кон аеродромот во Кутаиси и лет во 18:55 часот. Пристигнување во Солун во 20:45 часот локално време. Трансфер до Скопје.

Цената покрива:

Организиран трансфер Скопје-Солун-Скопје
Авионски превоз Солун – Кутаиси – Солун
Организација на аранжманот, локален лиценциран водич на англиски јазик и лиценциран придружник на патувањето на македонски јазик
Кабинска торба со димензии 40х30х20цм до 10кг
Аеродромски такси
Влезница за посета на музејот на Ј.В.Сталин
Хотелско сместување so 3* на база 4 ноќевања со појадок
Организиран превоз за сите денови за сите излети;
Фолклорна вечера
Посета на винарија, дегустација на вино

Цената Не покрива?

  • Факултативна посета на Казбег-Гудаури со ручек 80 Еур
  • Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг/ 20кг (инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Туристичка такса 1.240 - се плаќа во агенција
  • Доплата за еднокреветна соба 9.050 мкд
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Лични трошоци

Pin It on Pinterest