Лутраки 11ти Октомври

Лутраки е мало туристичко место со околу 2000 жители и се наоѓа на само 130 км од граничниот премин Богородица/Меџитлија. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на гостите. Освен тоа, местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии.

Овде посетителот може да ги комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан).Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920 год кога за прв пат е прогласен за “природна бања“. Температурата на водата е од 37 – 38 Целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

 

Термин 09.10-11.10.2021

Цена по лице 80евра 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Ø Превоз со автобус на наведената релација

Ø Посета на Солун и Воден

Ø Сместување во апартмани (2 ноќевања)

Ø Пратител на групата

Ø Превоз до бањите и базенот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 

Ø Патничко осигурување

Ø Влезници за: Бањата 2€

Ø Базенот 3€

Ø Вечера Кај Митре 15

ØИндивидуални трошоци

Програма

1
1 ден 09.10.2021 Скопје – Солун - Лутраки
    Состанок на групата во 04:00 часот пред Дрво Декор, заминување кон Лутраки. Попатна посета на Солун. Прошетка низ најубавиот дел на центарот на градот: улиците Игнатиа, Цимиски, и плоштадите Аристотелис. Заминување кон Лутраки. Пристигнување во Лутраки во пладневните часови. Одмор и слободен ден за прошетка. Ноќевање.
2
2 ден 10.10.2021 Лутраки
    Слободно време за индивидуални активности. Заминување кон терманлните води каде ќе може да го поминете денот. Враќање во апартмани. Опционална вечера во ресторан “Кај Митре”. Ноќевање
3
3 ден 11.10.2021 Лутраки-Воден-Скопје
    Во 09:00ч заминување за Воден, посета на градот, водопадите и архелошкиот локалитет. Во 16 часот заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови

Видео

Цената покрива:

Пратител на групата
Превоз до бањите и базенот
Сместување во апартмани (2 ноќевања)
Посета на Солун и Воден
Превоз со автобус на наведената релација

Цената Не покрива?

  • Базенот 3€
  • Вечера “Кај Митре” 15€
  • Влезници за бањата 2€
  • Влезници за бањата 2€
  • Индивидуални трошоци

Pin It on Pinterest