Будва & Манастир Острог

Хотел Park 3* во Будва спаѓа во категорија на хотели располагаат со удобност и многу погодности како начин за да ги задоволат потребите на сите клиенти. Се наоѓа на морскиот брег на неколку чекори од волшебната Словенечка плажа, заглавен во изобилството на зеленило што во топлите летни денови дава не само природно засолниште, туку и низа медитерански мириси со богато освежување на озонот. Освен тоа што е покрај морскиот брег од кој доаѓаат звуците на брановите, на гостите им нуди и убавина на задоволство во хотелскиот парк, како и радост за лесно шетање по дизајнираниот џеталист што го поврзува Стариот град на Будва со Бечичи.

Термин: 21 - 24 Мај 2021 | 4 дена - 2 ноќи со појадок и вечера | Aвтобус

 Сместување со Hotel Park 3*на сама плажа во Будва 

Цена на аранжманот:  95€ / 5.890мкд

За уплата до 10 Maj 85€ / 5.270мкд 

 Напомена: 

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 35 патници. Се патува според важечки протокол за патување. 
- Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени патници да го откаже аранжманот 7 дена пред поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, културни-историски институции, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите или факултативите во програмата.

За овој програм може да се патува и само со лична карта и НЕ е потребен PCR тест.

- Доколку дојде до одредени промени, односно затворање на Граници, рестрикции поради COVID или слично, агенцијата во целост ги рефундира уплатените средства на патниците.

- Доколку патникот сам по негова воља го откаже патувањето, рефунадција се врши според општи услови на патување.

- За резервација, потребна е аконтација од минимум 1.000мкд, остатокот се доплаќа најкасно до 7 дена пред поаѓање.

 

Слични Понуди

Програма

1
1ден 21.05 (петок) СКОПЈЕ - БУДВА
    Поаѓање од Скопје во 22:30 часот на паркингот пред VIP хотел (наспроти Скопски саем). Ноќно возење преку Косово и Албанија со паузи за одмор и царински формалности.
2
2ден 22.05 (Сабота) ПОДГОРИЦА - ОСТРОШКИ МАНАСТИР - СВ.СТЕФАН - БУДВА
    Во утринските часови пристигнуваме Манастирот Св. Василие Острошки, сместен на висок масивен карпест дел кој претставува најголемо Црногорско светилиште секако и најпосетуван манастир на Балканот. Основан од страна на Св. Василие во 17 век посетен од приближно 300.000 верници во текот на годината. Моштите за кои се верува дека се чудотворни се наоѓаат во горниот манастир. Слободно време за разглед на Манастирот. Се упатуваме кон Подгорица и посета на шопинг центарот Delta City. Во пладневните часови заминување кон Будва. Кратка пауза над Св.Стефан за фотографирање (атрактивно и монденското летувалиште во Црногорско приморје). Сместување во Hotel Park 3*. Слободно време за одмор или прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град на Будва, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Уживање, фотографирање покрај море.. Вечера. Ноќевање.
3
3ден 23.05 (Недела) БУДВА - КОТОР - ПЕРАСТ - БУДВА
    Појадок. Организирана факултативна посета на Пераст и Котор со разглед на градот со локален водич- град заштитен од Унеско како светско културно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Во договорено време заминуваме со брод Пераст. Со сигурност е една од најатрактивните дестинации во Бокакоторскиот залив. Овој мал стар град е специфичен по многу нешта. Денес Пераст е една од најлуксузните дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви. По слободното време заминуваме за Будва.. Вечера. Ноќевање.
4
4ден 24.05 (понеделник) БУДВА - МАКЕДОНИЈА
    Појадок. Слободни активности во утринските часови. Заминуваме кон Македонија со попатни паузи и пристигнување во вечерните часови.

Цената покрива:

организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник.
Попатна посета на Св.Стефан;
2 ноќевања со појадок и вечера во хотел Park 3* на сама плажа во Будва;
Посета на Острошки Манастир;
Посета на трговскиот центар Delta City Mall;
Превоз со туристички автобус на наведената релација;

Цената Не покрива?

  • Туристичка такса во Манастирот Острог 1€ /задолжителна доплата во автобус;
  • Превоз со комбиња од долниот манастир каде што се паркира автобусот до горниот манастир 2€ по лице во 2 правци (се плаќа на лице место), доколку некој сака да се качи пеш до манастирот има околу 800 скали за качување. Околу 20мин.
  • Доплата за еднокреветна соба во хотел +25€ од цената на аранжманот;
  • Дете до 6 години - 30€ добива исти услуги како и возрасен, сместување во кревет со родител и седиште во автобус);
  • -Прво дете 6-14 години - 45€ добива исти услуги како и возрасен
  • Второ дете 6-14 години - 45€ (добива исти услуги како и возрасен, сместување во ист кревет со прво дете);
  • Патничко осигурување 5€
  • Факултативна посета на Котор со водич + Брод Пераст-Котор + трансфер 25€
  • Влезници во Музеј

Pin It on Pinterest