Белград Нова Година

Б Е Л Г Р А Д

сместување во Hotel Abba 4*             

Белград е главен град на Србија, воедно и нејзин најголем град. Важи за град кој изминатите години се издвои како посебна атракција за туристи, како за оние кои акцент ставаат на културата, музеите и архитектурата, така и за оние кои пред се сакаат да искусат квалитетен и поразличен провод. Белград е синоним за најдобар ноќен провод во овој дел од Европа. Богата понуда на ресторани, барови, кафичи, затворени клубови, сплавови и од скоро актуелните градски кафани кои се печат за овој град. Токму затоа е толку актуелен кај помладата популација.

Термин 31.12-02.01.2021 

                3 дена / 2 ноќи со превоз  | разглед на Белград со водич | Шопинг центар Галерија Белград

                 Цена на аранжманот: 105€ / 6.510мкд

                  Промотивна цена до04.12   95€ / 5.890мкд

Напомена:

ØЗа реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници (75% исполнетост на автобус според протокол за патување);

ØЗа овој аранжман може да се патува и со лична карта;

ØЗа реализација на опционалната посета на  Нови Сад потребно е минимум 35 пријавени лица

ØЗа патување со сопствен превоз - 10€ од цената;

ØТрет возрасен плаќа ист износ како и останатаите две лица;

ØЕднокреветна соба +1.550мкд

ØУплата исклучиво во денари.

Опис на хотел Abba 4*

Хотелот "Abba" е модернистичко, ново и единствено име на хотелскиот пазар. Светските патници допрва се запознаваат со квалитетите на овој хотел кој претставува синоним за квалитет и комфор. Хотелот се наоѓа во општина Вождовац во непосредна близина до срцето на Белград (хармот Свети Сава). Секоја соба има клима уред, ТВ ЛЦД, бесплатен WI-FI интернет и бесплатен паркинг     

 В А Ж Н И   И Н Ф О Р М А Ц И И

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

*Програмата ке се рализира  спрема условите на  новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19 како и запазувањето на протоколити према политиката на хотелот.

*За секоја евентуална промена ќе бидете благовремено информирани

*Резервација на аранжманот се прави во агенција со уплата од 30% или преку Банка

*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е со можносот на аконтација, а остатокот е подложен на промени.

*Патникот го потпишува Договорот за патување и е согласен со истиот доколку има прашања нашите агенти се должни да му објаснат

*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во агенција

Доколку нема преставник  од агенцијата во Хотелот тогаш патникот  на рецепција  доставува приговор..

*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена

*Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на Хотелот како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барана нова услуга.

*Паркингот на хотелот е отворен и се почитуваат правилата на хотелот.

Во хотелот е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. *Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите

Побарајте патничко осигурување и договор за патување

*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

*Во готово – авансно *кредитни картици, вирманско плаќање плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10-дена пред  започнување на аранжманотпоаѓање, зависно од видот на програмот,плакање преку синдикати и работни организации.со посебни договори.

  *Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

*Носител на овој програм е Камелија Турс: со сопствен закуп на хотелот.

 Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции

.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                  

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатeн престоји Среќни Новогодишни Празници

 

 

 

 

Слични Понуди

Програма

1
1ден 31.12 (четврток) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
    Поаѓање од Штип во 00:30 часот (пред Стадионот-нова пошта). Од Велес во 01:15 часот (бензиска Макпетрол-кружен тек на влезот во Велес). Од Скопје во 02:00 часот (пред VIP хотел наспроти Саем). Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 10 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, потоа атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Сместување во хотел Abba 4*. Слободно време за одмор или подготовска на новогодишната ноќ. Вечерта, организиран бесплатен трансфер од хотел до центар на Белград и обратно за дочек на Нова 2021 Година на Плоштад или во некој од многуте ноќни барови, дискотеки или во кафана на добро познатата Скадарлија. Во утринските часови, враќање во хотел. Ноќевање.
2
2ден/ 01.01 (петок) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД
    Појадок. После појадокот организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина… Целодневна посета на Градот. На враќање во попладневните часови, посета на Outlet Indzija. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
3ден / 02.01 (сабота) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА
    Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон најголемиот трговскиот центар Галерија Белград. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.. во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Цената покрива:

Организација и реализација на патувањето со придружник од агенцијата;
Разглед на Белград со локален водич;
2 ноќевања со појадок во одличен и проверен 4* хотел Abba http://www.abbahotel.rs/
посета на шопинг центар Галерија Белград https://www.galerijabelgrade.com/sr/
превоз на наведената релација со туристички автобус (се патува според проток за патување COVID 19);

Цената Не покрива?

  • Опционална посета на Нови Сад - 750мкд
  • туристичка такса - 200мкд по лице за цел престој (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
  • здравствено патничко осигурување 5 евра

Pin It on Pinterest