Слични Понуди

Програма

1
1ден / 30.12 (среда) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
    Состанок на групата и поаѓање од градовите: Струмица (Бензинска "Makpetrol" - кружен тек), Штип (пред Стадионот), Скопје (Хотел "ВИП" - наспроти саем), Куманово (Бензинска "Makpetrol" - Автопат). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Со официјално одобрение од бугарската влада, патувањето е овозможено без приложување на PCR тест!!
2
2ден / 31.12 (четврток) ИСТАНБУЛ
    Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Од досегашното работно искуство, нашата агенција вложила доста напори да им овозможи сместување на патниците пред законското време за Check in во хотелот. Патниците добиваат слободно време за пауза. Остатокот од денот е предвиден за три часовно КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРОТ. Дневна журка по Босфор (Со многу изненадувања за кои ќе се погрижиме ние). По Крстарењето групата се враќа назад во хотел и има слободно време за ручек . Дополнителни информаци за програмата ќе има наскоро доколку епидемиолошка слика ни дозволи реализација на самиот настан.
3
3ден / 01.01 (петок) ИСТАНБУЛ ( Минијатурк - Sapphire Seyir Terasi - Emaar Squere Mall - Watergarden
    Појадок. После појадокот факултативна посета на Минијатурк кој зафаќа површина од вкупно 60.000 метри квадратни со тоа што претставува најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури: 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25 и претставуваат идеално место за оние кои сакаат турнеа низ Турција односно претставува мал модел на големата земја. Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Прекрасна ноќна панорама на Истанбул. По убавините на Сафирот се упатуваме кон Emaar Square Mall и Wathergarden. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот Emaar Aquarium & Underwater Zoo кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите и над 20.000 видови на морски суштества како и 200 видови на водоземни животни. Покрај Emaar Square го посетуваме и Watergarden, оваа дестинација е на нашата листа бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи. Поатоа, прошетка кон ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе. Враќање во хотел. Ноќевање
4
4ден / 02.01 (сабота) ИСТАНБУЛ ( Venezia Mega Outlet | Mall of Istanbul) - МАКЕДОНИЈА
    Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на трговските центри: Venezia Mega Outlet (продавници од најпознатите брендови надополнети со романтичните канали и гондоли кои се заштитен знак на Венеција) и најголемиот трговски центар Mall of Istanbul. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи.
5
5ден / 03.01 (недела) МАКЕДОНИЈА
    Пристигнување во раните утрински часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest