Слични Понуди

Програма

1
23.10.2020 (Петок) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
    Состанок на групата на Дрво Декор во 04.00 часот, поаѓање за Р.Србија во 04:15ч. Ноќно патување, со кратки попатни одмори. Патувањето е преку граничен премин Табановце.
    Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Разглед на градот со локален водич...Посета на црквата Св. Сава, ридот Топчидер (панорамски стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, Бранковиот мост, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, улицата Кнез Михајлова, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот. Слободно време за ручек и индивидуални активности. Заминување и сместување во хотел. Слободни активности. Ноќевање
2
24.10.2020( Сабота ) БЕЛГРАД-НОВИ САД.
    Појадок. По појадокот – факултативно заминување за Нови Сад. Разглед на градот со водич: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина.Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Белград во попладневните часови. Можност за ноќна прошетка низ центарот на Белград како и факултативна организирана вечера во еден од прекрасните ресторани во боемскиот кварт (Велика Скадарлија). Ноќевање
3
25.10.2020 (Недела) БЕЛГРАД – СКОПЈЕ.
    Појадок. Oдјавување од хотелот. Трансфер до центар и можност за факултативно крстарење по реките Сава и Дунав, реките кои го спојуваат Белград и на градот му даваат сосема друга димензија. Слободно време до 15часот а потоа заминуваме за Македонија со попатна посета на “ИKEA”. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest