Слични Понуди

Програма

1
1 ДЕН 21.10.2020 СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА – ЃОРЕМЕ:
    Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 10 00 ч. Поаѓање во 10:30 часот. Се патува преку Девебаир Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.Патот не води преку Истанбул,Анкара,Невшеџир. Дневно и ноќно возење со време за царински формалности. (ноќно возење се до наредниот ден до предпладневните часови.
2
2 ДЕН 22.10.2020 КАПАДОКИЈА
    Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу . По паузата се упатуваме према Кападокија.Пристигнување во предпладневните/пладневните часови. Сместување во Хотел во 14 часот, време за одмор, релаксација и слободни активности.Предвидена факултативна посета на црвената долина со прекрасниот залез на сонцето во попладневните часови. Вечера. Ноќевањe
3
3 ДЕН 23.10.2020 – КАПАДОКИЈА
    Појадок во хотел. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел.Вечера,припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци ,(вклучува трансвер,неограничени локални пијалоци,и апетисани). Ноќевање.
4
4 ДЕН 24.10.2020 КАПАДОКИЈА
    Рано наутро околу 04:30 ч(трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија,волшебно,незаборавно,несекојдневно доживување(се разбира доколку временските услови дозволуваат ). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 10:00 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Кајмакли едени од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање . Посета на традиционална претстава Дервишка церемонија+трансвер-Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел.Вечера.Време за слободни активности. Ноќевање
5
5 ДЕН 25.10.2020– КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ
    Појадок . По појадокот напуштање на хотелот,багажот во автобус и се упaтуваме према Истанбул.Овој град е единствениот град кој поврзува два континенти,град на различности и традиционални вредности,инаку познат како ГЛАВЕН ГРАД ВО СВЕТОТ или МОСТОТ ПОМЕЃУ ЕВРОПА И АЗИЈА.Истанбул е најголемиот град во Турција ,со над 13 милиони жители и светски центар од непроценлива вредност од минатото,а светска метропола денеска.Истанбул е град на историски и културни убавини,град на многу цивилизации,а сега населен со жители од целиот свет.За Истанбул има многу да се поприкаже, но да оставиме целата таа убавина да ја почувствуваме по нашето пристигнување во вечерните часови.Патот не води преку мостот кој ги поврзува Европа и Азија. Пристигнување во Истанбул.Веднаш се упатуваме во најмонденскиот трговски центар WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL кој се наоѓа во срцето на Аташехир монденски дел од Истанбул.Ќе имаме можност за посета на истиот,време за слободни активности, шопинг,и прекрасно доживување во преубавите ресторани,кафетерии,забавни паркови каде наоколу прекрасниот базен со фонтани,и преубава музичка кореографија на игра на вода,збогатена со колоритни светла,музика и огнено шоу во ритамот на музиката ке бидеме сведоци на едно од прекрасните доживувања во Истанбул.По посетата на овој трговски центар се упатуваме према хотел.
6
6 ДЕН 26.10.2020 – ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
    Напуштање на хотелот околу 10 часот.Се упатуваме на факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот.По крстарењето се упатуваме на Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка од непроценливо богатство и се наоѓа на крајбрежјето на Босфор.Долма Бахче Сарај била резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. а воедно и место каде престојувал и починал основачот на модерна Турција МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК.Во вечерните часови во договор со групата се упатуваме према Македонија.Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.Патот не води преку Бугарија.

7
7 ДЕН 27.10.2020-СКОПЈЕ
    Планирано пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest