Слични Понуди

Програма

1
1 ден 09.10 СКОПЈЕ - Кападокија ( Невшехир)
    Состанок на групата на аеродром во Скопје во 06.00 часот и полетување за Невшехир преку Истанбул во 08:55 часот. Слетување во 14:15 ч по локално време. Организиран трансфер до хотел со попатна посета на Црвената Долина. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ Ѓореме. Ноќевање.
2
2 ден 10.10 ЃОРЕМЕ - Целодневен излет СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА
    Појадок. Следи целодневен факултативен излет - Срцето на Кападокија: започнува со прошетка на Ѓореме, посета на “Ѓореме музејот на отворено” огромен манастирски комплекс, познат по фреските од Х – ХII век, на кои е опишан животот на Исус. Сите цркви датираат од IX век, изградени во самите карпи со живописни фрески. Комплекост е под заштита на UNESCO од 1984 година. Разгледот продолжува кон замокот Учхисар, највисоката точка во Кападокија кој нуди прекрасен поглед на Ѓореме, напуштеното село Чавушин. Пауза за ручек. Посета на работилница за грнчарство и можност да се купи рачно изработен сувенир. Разгледот продолжува кон долината на имагинации Дервент која изобилува со мноштво на природни камени облици во форма на ликови од животни, волшебни оџаци од варовник, Пашабаги и необичната формација на троглава самовила, долината Зелве како и долината на љубовта каде завршува разгледот со можност за фотографирање во долината на гулабите. Враќање во хотел. Во вечерните часови факултативана можност за посета традиционален турскли ресторан пропратено со ориентални музика и танци. Ноќевање.
3
3 ден 11.10 ЃОРЕМЕ - Целодневен излет ГОЛЕМА ТУРА
    Рано наутро околу 04:30 часот можност за факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, доживување (доколку дозволуваат условите согласно напомената подолу). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел.
    Појадок. По појадокот, следи целодневен факултативен излет Голема Тура: подземниот град Кајмакли издлабен во вулкански камен во VII век пред н.е. еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови во Кападокија во кој се откриени 4 ката под земјата...По посетата на Кајмакли, се продолжува со посета и прошетка низ дел од долината Ихлара долга 16 км, позната по карпестите цркви. Можност за пауза во некоја од традиционалните чајџилници долж реката Мелендиз. Прошетката низ долината продолжува кон манастирот Селиме кој потекнува од VIII век со попатна пауза за ручек во познатото анадолско село Белисирма лоцирано во самата долина Ихлара. Во вечерните часови факултативна посета на традиционална претстава Дервишка церемонија (трансвер-Dervish sema ceremonija). Вракање во хотел. Ноќевање.

4
4 ден 12.10 ЃОРЕМЕ - Невшехир - СКОПЈЕ
    Појадок. Одјава од хотел. Организиран трансфер до аеродром. Попатна посета на работилница за накит изработен од драгоцени камења , меѓу кои најпознат е ониксот. Слободно време. По посетата се продолжува кон аеродром.Полетување за Скопје преку Истанбул во 15:05ч по локално време. Слетување во Скопје во 20:00ч.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest