Бигорски Манастир и Манастир Рајчица, Вевчани и Охрид

Термин: (Jуни,Јули,Август)

Цена на аранжманот: 3000,00 денари

ЗАЛИВ на КОСКИТЕ: Наколните надводни живеалишта како начин на човечко егзистирање во специфична средина се карактеристични за праисторискиот период Извршени се подводни археолошки истражувања на локалитетот Плоча Миќов Град, во Заливот на Коските, близу селото Пештани и на длабочина 3-5 м откриени се многубројни дрвени колци закачени во езероското дно и многуброен движен археолошки материјал од бронзеното и  железното време. Врз основа на зафати на населбата констатирано е дека таа се простирала на површина од околу 8500 м2. во платформа поставена на дрвени колци забиени во дното на езерото, а со дрвен мост населбата била поврзана со копното. Комплексот содржи пристапен објект со постојана изложба на откриените артефакти и кафе-бар, база за подводна археологија и  наколна населба со 24 реконструирани праисториски куќи на дрвена платформа над езерската вода, повеќе реконструирани полуотворени градби во вид на видиковци за одмор на посетителите.

Манастири: Св. Јован Бигорски и “Св. Ѓеоргиј Победоносец - Рајчица” Манастирот во  Рајчица е посветен на Св Георгиј Победоносец кој е толку прекрасен па го нарекувале „Дворецот на св. Георгиј“. Во минатото функционирал како економски дел на Бигорскиот манастир, поточно бил негов составен дел, а за богатството на манастирот говори и податокот дека на местото на денешното Дебарско Езеро порано имало река и пат и манастирот бил издигнат над патот, а под него се простирале насади со лозја. Монасите произведувале вино, ракија, имале и добиток, а имале и плантажи со маслинки во Елбасан, Албанија. Така функционирајќи заедно, двата манастира биле економски многу силни. Но уште посилни биле духовно, знаејќи дека Бигорски бил еден голем духовен, културен и образовен центар во западна Македонија во тоа време. Манастирот во Рајчица е всушност метох на Бигорскиот манастир- манастир изграден во рамките на друг поголем манастир - како една гранка-плод на поголем манастир. Раката на Св.Ѓеоргиј која се чува во Манастирот е изработена од сребро и во еден дел е позлатена, а во предниот дел украсена со циркони и со рубини Кутијата во која се чуваат е купена во Атина во 2001 година со прилози на верниците. Во манастирот во селото Рајчица се чуваат и Моштите на св. Јован Кукузел, од дебарскиот крај.

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

*Цената на аранжманот е пресметана на минимум 10 лица (мини бус) и 25 лица (автобус)спрема условите на  новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19

*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот или на факултативите 7 дена пред терминот за тргнување.

*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање

*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

*Аконтацијата се уплака: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.

*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.

*Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус +45€ ова важи само кога е организирана група со автобус.

*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж) или цената на сместувањето.Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.

*Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

*Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.

*Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.

*Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. *Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество

*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

*Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.

*Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми / намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај, аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет...

*Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

*Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување

*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

*Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.

*Кредитни картици, вирманско плаќање,.

*Туристички кредит (6-36 рати ) аплицирање во агенција 15 минути во Агенција

*Плаќање преку синдикатски организации со посебни договори 

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатно патување !

 

Слични Понуди

Програма

1
1 ден
    Состанок на патниците пред Дрводекор во утринските часови и заминување кон Охрид. Попатно се посетуваат Манастирот “”Св. Јован Бигорски и “Св. Ѓеоргиј Победоносец - Рајчица”. По краткиот одмор се упатуваме кон Вевчани каде се посетуваат Вевчанските извори. По договор со патниците (факултативно) организиран ручек во некој од традиционалните ресторани во Вевчани. Во договореното време заминување кон Охрид. По пристигнувањето (факултативно) организирано вечерно крстарење со брод до Канео. Сместување во хотел во Охрид. Ноќевање.
2
2 ден
    Одјава од хотелот и заминување кон Манастирскиот комплекс Свети Наум. Попатно посета на наколната населба Заливот на коските. Во договореното време враќање во градот Охрид и посета на Стариот дел на градот: старата чаршија, Самоиловата тврдина, Антички театар, Лихнидос-стари град, Плаошник, Црква Св. Софија. Oдмор за ручек и слободни активности. Во попладневните часови заминување за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Организација и реализација на аранжманот и пратител за време на патувањето од агенцијата
Хотелско сместување во Охрид Hotel 4*
Залив на коските
Самуилова тврдина
Превоз на наведената релација:
Плаошник

Цената Не покрива?

  • Ручек во Вевчани 600 денари
  • Вечерно крстарење до Канео 500 денари
  • Индивидуални трошоци

Pin It on Pinterest