Крива Паланка,Кратово и Лесново

Термин: (Jуни,Јули,Август)

Цена на аранжманот:  1200,00 денари

КРАТОВО: градот на пари, кули и мостовит.

Кулите во градот Кратово биле станбено-одбранбени објекти ѕидани од полуобработен камен. Најубава е Симиќевата, Крстовата била најбогата, а најстара е Златковата кула. Кулите некогаш биле во сопственост на закупците на рудниците со семејствата, но и на работниците и нивните семејства. Тука живееле и чуварите што ги чувале кулите, всушност парите (ковани во рудниците), па затоа кулите биле поврзани и со тунели и подземни ходници. Денес, тунелите се расчистени во прва фаза и може да се видат. Вулканските топки биле качувани на четвртиот кат за оттаму да бидат испукувани врз евентуалниот непријател. Кратовските кули и ден-денес имаат сопственици, но на сите портиима катанци - нивните сопственици чекаат подобри времиња. Во Кратово топло Ви препорачуваме да пробатекцана сол, се подготвува во пролет кога билките се највкусни. Кцаната сол е всушност готварска тајна на безмалку секое кратовско семејствоКцаната сол е готварска тајна на секое кратовско семејство, секој си става нешто плус, некој вади нешто од рецептот и си добива свој „бренд“. Во солта се додаваат и: везана пиперка, нане,  мајчина душица, морска сол и уште неколку вида зачини, кои нникој нема да ви ги каже.Мостовите на Кратово: На почетокот на 20 век Кратово имал 14 моста од кои денес останати се: Грофчанскиот, Чаршискиот, Јоркширскиот (свински) мост, Аргуличкиот и секако најпознатиот Радин мост.

  

ЛЕСНОВО и ЛЕСНОВСКИ МАНАСТИР:Во месноста Богородица на 5 км од Пробиштип и Злетово, на 900 м надморска височина се здогледува Лесновскиот манастир Според Житието на свети Гаврил Лесновски, оваа света обител првпат ја подигнал преподобен свети Гаврил Лесновски во 11 век, посветувајќи ја црквата на свети архангел Михаил. Пустиножителот Гаврил повеќе од 30 години молитвено тихувал во околните пештери, кои се создадени од вадење воденичен камен, а некои се природен феномен.Свети Гаврил е еден од четворицата пустиножители, заедно со свети Јован Рилски, свети Јоаким Осоговски и свети Прохор Пчински, кои се сметаат за зачетници на еремитското монаштво во Македонија кое се развило под влијание на Света Гора и ги зафатило северните делови на Македонија.Преубавиот иконостас, длабока резба во орев, е прво дело на Петре Филиповски-Гарката,..Лесновската лавра во средниот век имала над 300 монаси, повеќе од 20 скита од кои некои и денес се живи, како „Свети Спиридон“ и „Источен петок – Балаклија.

 

 

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

*Цената на аранжманот е пресметана на минимум 10 лица (мини бус) и 25 лица (автобус)спрема условите на  новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19

*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот или на факултативите 7 дена пред терминот за тргнување.

*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање

*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

*Аконтацијата се уплака: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.

*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.

*Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус +45€ ова важи само кога е организирана група со автобус.

*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж) или цената на сместувањето.Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.

*Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

*Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.

*Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.

*Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. *Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество

*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

*Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.

*Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми / намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај, аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет...

*Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

*Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување

*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

*Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.

*Кредитни картици, вирманско плаќање,.

*Туристички кредит (6-36 рати ) аплицирање во агенција 15 минути во Агенција

*Плаќање преку синдикатски организации со посебни договори 

 

 

 

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатно патување !

 

Слични Понуди

Програма

1
1 ден
    Состанок на патниците пред Дрводекор во утринските часови и заминување кон Кратово. Попатна посета на Манастирот Св. Јоаким Осоговски: Пристигнување во Манастирот, разгледување на манастирскиот комплекс со свештено лице кое ќе Ви ја раскаже историјата за манастирот преку историски факти и легенди поврзани за истиот. Краток одмор во кругот на Манастирот и упатување кон градот Кратово. Пристигнување во Кратово и панорамски разглед на градот: старите градски мостови, кулите, Радин Мост, Домот на културата, Музејот на карпеста уметност. Заминување за Лесново и посета на Лесновскиот Манастир. Во попладневните часови заминување за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Организација и реализација на аранжманот и пратител за време на патувањето од агенцијата
Превоз на наведената дестинација

Цената Не покрива?

  • Влезници за локалитетите
  • Индивидуални трошоци кој не се споменати во програмата

Pin It on Pinterest