Барселона

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
*Цената на аранжманот е пресметана на минимум 19 лица (мини бус) и 40 лица (автобус)
*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот или на факултативите дена пред терминот за тргнување.

*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање
*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

*Аконтацијата се уплака: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.
*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.
*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.
*Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус +45€ ова важи само кога е организирана група со автобус.
*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж) или цената на сместувањето.Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор. *Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
*Се информираат патниците дека со себе можат да носат патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.
*Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.
*Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. *Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество
*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.
*
Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.
*Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај, аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет...
*Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ
*Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување
*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.
*Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.
*Кредитни картици, вирманско плаќање,.
*Туристички кредит (6-36 рати аплицирање во агенција 15 минути во Агенција

*Плаќање преку синдикатски организации со посебни договори

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатно патување !

Програма

1
1 ден Скопје-Барселона
    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Барселонa во 06:30 ч. Пристигнување во Барселона во 09:25 часот. Трансфер до центарот на градот и заминуваме на панорамски разглед на Барселона со локален водич и организиран превоз: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо,Готскиот кварт Минувајќи низ неколку улици ќе ја здогледате импозантната градба ,Гаудиевото животно дело – Саграда Фамилија. Правиме и попатна посета на Паркот Цитадела. Прошетката продолжува низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. На враќање ќе го видиме ремек делото на шпанскиот архитект Антонио Гауди Каса Батло (Casa Batlló) , или Куќата од коски , изградена на во почетокот на 20 век , а наспроти неа ќе ја здогледате и Каса Мила (Casa Milà)или Ла Педрера , куќата без рабови , која додека ја набљудувате имате впечаток како да гледате во смрзнати бранови. Трансфер до хотелот и сместување. Време за слободни активности. Ноќевање.
2
2 ден Барселона
    Појадок. Ви нудиме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Најпрво започнуваме со посета на паркот Гуељ, кој е
    едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и е значајна знанемитост на Барселона . На влезот во паркот , кој што е огромен и каде што ќе доживеете необјасниво смирување и спокојство , иако туристи од разни континенти буквално го преплавуваат целиот парк ,се наоѓаат Гаудиевата куќа и гуштер облепен со скршени керамички плочки , изработка по гаудиевата техника “тренкадис” . Посетата продолжува кон Тибидабо , (највисоката точка во Барселона -512 метри надморска височина ) паркот Гуел се наоѓа во подножјето на брдото Тибидабо . Од ова брдо се пружа совршен и најубав поглед на цела Барселона и морето , тука може да уживате ,да се напиете кафе , сок и сето тоа додека музицира локален бенд , расположен за добра свирка и забава. Посетата продложува кон ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата и продолжуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативно се упатуваме кон Шпанскиот плоштад и Магичните фонтани каде ја следиме представата на фонтаните.Враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден Барселона
    Појадок.Факултативна посета до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност во шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза, ручек или шопинг. Факултативен разглед на еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел. Во вечерните часови факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу, фламенкото претставува национален танц на Шпанија
    кој представува микс на музика и танц. Ноќевање.
4
4 ден Барселона
    Појадок.Напуштање на хотел. Организиран трансфер до аеродромот Ел Прат. Лет за Скопје во 10:00 часот. Пристигнување во Скопје во 12:45 часот.

Цената покрива:

Организиран разглед на Барселона по програмата со локален водич и автобуски превоз
Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
Рачен багаж со димензии (40х30х20см)
Авионски превоз на наведената дестинација Скопје – Барселона – Скопје со Wizzair
Организиран трансфер аеродром –хотел- аеродром
Патничко здраствено осигурување

Цената Не покрива?

  • Аеродромски такси 2.500,00 денари
  • Чекиран багаж (цената зависи од дадениот моментот на резервација)
  • Целодневна посета на парковите Барселона (Парк Гуел, Тибидабо,Мон Жуик и Шпанско село) со водич,влезници и организиран превоз – 85 €
  • Влезница за Аквариумот ,посета на плажата Барселонета и посета на шопинг центарот Маремагнум со организиран превоз и водич 65€
  • Влезница за стадионот Ноу Камп 40 € (со превоз)
  • Влезница за посета на Фламенко шоу со вклучен пијалок и вечера 75€ традиционална сангрија)
  • Организирана посета на Магичните фонтани со превоз и водич – 25€
  • Билети за јавен превоз на лице место
  • Туристичка такса

Pin It on Pinterest