Атина

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
*Цената на аранжманот е пресметана на минимум 19 лица (мини бус) и 40 лица (автобус)
*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот или на факултативите 7 дена пред терминот за тргнување.

*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање
*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

*Аконтацијата се уплака: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.
*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.
*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.
*Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус +45€ ова важи само кога е организирана група со автобус.
*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж) или цената на сместувањето.Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор. *Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
*Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.
*Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.
*Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. *Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество
*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.
*
Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.
*Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми / намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај, аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет...
*Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ
*Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување
*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.
*Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.
*Кредитни картици, вирманско плаќање,.
*Туристички кредит (6-36 рати ) аплицирање во агенција 15 минути во Агенција

*Плаќање преку синдикатски организации со посебни договори

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатно патување !

 

Програма

1
1 Ден Скопје - Атина
    Состанок на групата во 21:00 часот од Скопје. Поаѓање кон Атина. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица. Попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2 Ден Атина
    Пристигнување во утринските часови во Атина-центар на културата и уметноста во период кога повеќето европски градови не постојат.Разлед на градот: Храмот на Зевс, стадионот на Панатанаикос – каде се одржани првите модерни олимписки игри во1896 година, Кралската градина, црквата Св.Павле, Собранието, градските плоштади Омонија и Синтагма, трите неокласични згради: колеџот, универзитетот и националната библиотека се само дел од убавината на денешната Атина. Разгледот завршува со посета на бисерите на Атина - древниот Акропол со храмовите посветени на Божицата Ника-Партенон и Еретеон. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера во таверна. Ноќевање.
3
3 Ден Атина - Пелопонез – Атина
    Појадок. Факултативен излет на Пелопонез, областа Арголида и посета на: Коринтскиот канал (ги поврзува Егејското и Јонското море) , Епидаурус ,гратчето Нафплион (поранешна престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Потоа време за одмор со можност за факултативен ручек во локална таверна, можност за посета на работилница-за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
4
4 Ден Атина - Пиреја - Сунион - Глифада - Скопје
    Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Факултативен полудневен излет до Пиреја - најголемото пристаниште во Грција, на западниот брег на полуостровот со бројни познати туристички места и најужниот врв на Балканскиот полуостров- р`тот Сунион, на кој се наоѓаат остатоци од храмот посветен на богот на морето Посејдон. На враќање во Атина, застанување во Глифада. Заминување кон Скопје во вечерни часови. Ноќно возење со попатни паузи поради царински формалности.
5
5 Ден Скопје
    Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

Цената покрива:

Пратител од агенцијата за време на целото патување
Разглед на градот
Организација и водство од страна на агенцијата
Хотелско сместување во Атина на база 2 ноќевања со појадок
Автобуски превоз со високотуристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)
Патничко здраствено осигурување

Цената Не покрива?

  • Полудневен излет до Пиреја - Сунион - Глифада - 20 €
  • Факултативен излет на Пелопонез 35 €, не се вклучени влезници за театрот во Епидариус и Микена
  • Вечера во таверна - 40 €
  • Туристичка такса Индивидуални трошоци
  • Доплата за 1/1 соба

Pin It on Pinterest