Малта

 МАЛТА - Островот на кралевите

Малта е одмор, Малта е расположение…Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости и сеуште да имате време за ноќен живот. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта, па ако тоа не ви е доволно, тука се двата острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена за Вашиот престој во Малта. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина се впечатливи. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено, и она што ја прави уникатна е што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната историја на островот, рутата на стапките на Свети Павле или видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки.  Изборот е ваш!

 

В А Ж Н И   И Н Ф О Р М А Ц И И

Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

Цената на аранжманот е пресметана на минимум 20 лица (за авионски) или 45 (за автобуски). Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот или на факултативите 7 дена пред терминот за тргнување.

2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање

Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

Аконтацијата се уплака: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот  на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус +45€ Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж ) или цената на сместувањето.Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.

Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.

Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.

Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество 

Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.

Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми / намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај,  аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет...

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна  10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.

Кредитни картици, вирманско плаќање,Туристички кредит (6-36 рати ) аплицирање во агенција 15 минути во Агенција и плаќање преку синдикатски организации со посебни договори

 

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатно патување

 

Програма

1
1 Ден (20.10.2020) | Скопје - Малта – Бугиба
    Состанок на групата на скопскиот аеродромот во:11:15 часот. Полетување за Малта во: 13:20 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во: 15:00 часот. По слетувањето во аеродромот на Малта, организиран трансфер до хотел и сместување. Слободно време; прошетка до плоштадот Бугиба или посета на Аквариум. Враќање на хотел. Ноќевање.
2
2 Ден (21.10.2020) | Бугиба - Валета – Мдина
    Појадок. По појадокот, заминување со локален водич до главниот град-Валета: посета на “ Barracca Gardens” градските одбрамбените зидини што го опкружуваат овој величествен град, изградени од витезот Св. Јован и од кои се кои има величенствен поглед кон градското пристаниште и кон “Three cities” (Трите утврдени града), потоа посета на Катедралата Св. Јован (St. John.Cathedral) која одликува со богат контрастно-украсен ентериер,има импресивен приказ на барокната уметност, и познатото Караваџо сликарство (Caravaggio painting)-изложено во Ораториумот на оваа раскошна катедрала. Продолжуваме со интересна прошетка каде ќе ги видите и останатите градски градби со историско значење, вклучувајќи ја палатата на Големиот мајстор. (Grand Master`s Palace). Слободно време за шопинг и Ручек. По краткиот одмор, прошетка до центарот на Малта во кој доминира античката цитадела Мдина, некогашниот главниот град на островот,прошетка низ тесните и мистериозни улички на Мдина, позната и како „тивок град“, кои не водат да можеме да добиеме еден 360 панорамски панорамски поглед на островот. Трансфер во Бугиба. Ноќевање.
3
3 Ден (22.10.2020) | Малта – Гозо (фериброд)
    Појадок. По појадокот целодневна екскурзија во Гозо со траект (20 минути.) Ќе ги посетите сите популарни знаменитости на Гозо: Цитаделата во Викторија (Citadel in Victoria), познатото Море во Двејра (Inland Sea )и Карпите во заливот Кленди (Xlendi Bay), потоа следи едноспецифично културно искуство до Ггантијските храмови за кои се знае дека се најстарите храмови од тој тип во светот. Бидејќи Гозо е добро познат по волнените производи и рачно-изработената чипка, медот и сирењето, следи (посета на Пазарот) слободно време за нивен шопинг и дегустација. Ноќевање
4
4 Ден (23.10.2020) | Малта - Селото на Попај - Златна плажа
    Појадок. По појадокот на предпоследниот ден Ви предлагаме да го посетите Селото на Попај (Popаy Village). Селото всушност претставува филмски сет, останат од 1980 година од музичката продукција "Popeye". Денес е интересна атракција каде што на момент ќе можете да се почувствувате како дел од филмски сет, заедно со ликовите од популарниот филм Попај Морнарот. Потоа посета на една од преубавите плажи Златна плажа ( Golden bay). Слободно време за одмор или кафе пауза. Ноќевање.
5
5. Ден (24.10.2020): Малта – Скопје
    Појадок. По појадокот одјава од хотелот. Слободно време. Организиран трансфер до аеродром во 12часот. Лет за Скопје во: 15:30часот. Слетување на аеродромот во Скопје во:17:30 часот. Поздравување со новите пријатели до следно патување.

Цената покрива:

Пратител од Агенцијата за време на патувањето
Локален водич на одредени локалитети
Сите трансфери со водич до 30 лица
Организација и реализација на аранжманот
Хотелско сместување на база 4 НП (ноќевање со појадок) во хотел 3 *
Авионски билет на релација: Скопје - Млта - Скопје
Трансфер: аеродром - хотел - аеродром
Влезници за: Катедралата Св. Јован, Замокот Гантија, Селото на Попај
Еко такса
Патничко здраствено осигурување
Фериброд до Гозо

Цената Не покрива?

  • Аеродромски такси 2.500,00 денари
  • Доплата за 1/1 соба
  • Доплата за 1/1 соба
  • Индивидуални трошоци
  • Туристичка такса во хотел
  • Влезници за културно историските музеи

Pin It on Pinterest