Персиска Империја

Иран – запознајте ја древната персиска култура на која Иранците се многу горди. Заљубете се во Иран поради литература која е стара повеќе од 2500 години, величествената архитектура, чудесна историја  и традицијата на Заратустра. Искусете го гостопримството на Иранците, иранската традиција и уметноста кои претставуваат вечен извор на инспирација. Главниот град Техеран е жив град со ориентална атмосфера, палата, музеи и пазари односно, град со богата историја и архитектура. Исфахан е најубавиот ирански град и освежување за душата, каде ве очекува: елегантна архитектура, величествени џамии, убави паркови, цвеќиња и фонтани. Културната престолница Шираз е град на розите, познати личности и поети. Уживајте во погледот на пејзажот кој изгледа како некоја друга планета. Иран – архитектонски скапоцен камен кој го создал персискиот народ, кој ги воодушевувал и инспирирал бројните поети и уметници, кои ги преточиле своите стихови во океани на љубовта и духовноста.

ЦЕНАТА Е КАЛКУЛИРАНА ЗА МИНИМУМ 14 ПАТНИЦИ

Промо цена до     25.06.   1.450 € 

Ран букинг  до     20.09.   1.550

Регуларна цена                   1.650

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:   

·  Готовина: уплата на аванс од најмалку 50 % од вкупната цена на аранжманот при пријава во агенција, останатиот износ најдоцна 20 дена пред тргнување;

· Можност за уплата за рати во агенција започнвајќи од месец Декември 2018

·  Кредитни картици;

·  Туристички кредит

·  Патниците се должни 24 часа пред полетување да се информираат околу авионскиот лет;

·  За овој програм важат Општите услови на патување на Т.А. КАМЕЛИЈА и СКТМ кои се во прилог со овој договор и патниците се должни да се запознаат со истите.

·  Програмата е заштитена од страна на Туристичката Агенција Камелија Турс

НАПОМЕНА:

Организатор на ова патување е Камелија Турс:  Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ  (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции

Доколку не се оствари минималниот број на патници - 14, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањетои промена на лет према времето на полетување.

5 дена пред полетувањето Агенцијата ќе објави информации за саатнината на полетувањето и слетувањето како и Авионската компанија

Тип на патување

Патување со умерена тежина, односно потребни се посебни подготовки:

Патниците се должни да се информираат во агенцијата.

Патувања од овој тип може да вклучуваат пократко / подолго патување, но генерално се полесни. На ова патување важно е да сакате да ја доживеете земјата каква што е и затоа сте подготвени да направите мали прилагодувања на условите во земјата во која патувате Ќе доживеете: културни знаменитости, национални паркови, народни обичаи, природни убавини ... сето тоа можете да го видите само во единствената ПЕРСИСКА ИМПЕРИЈА !

Слични Понуди

Програма

1
СКОПЈЕ
    Состанок на групата на аеродромот “Скопје”. Полетување за Истанбул.
2
ТЕХЕРАН
    Слетување во Техеран, состанок на групата со туристичкиот водич на аеродромот, организиран трансвер до хотелот. Слободно време или можност за посета на националниот музеј на Иран и на GolestanPlace. Сместување во Хотел. Вечера во ресторан . Ноќевање
3
ТЕХЕРАН
    Појадок, по појадокот целодневен разглед на знеаменитостите на градот Техеран, меѓу кои и Saad Abad - Палатата, Tajrish - Пазарот и Milad tower 435 метри. Вечера во ресторан. Ноќевање
4
ТЕХЕРАН - ШИРАЗ
    Појадок, по појадокот со утрински лет заминување кон Шираз каде ќе имате можност да ги посетите Narenjestan Градината и Розевата Џамија. Ручек. По ручекот краток одмор и посета на џамијата Вакил, бањата и пазарот во Шираз Karim khan - тврдината. Вечерна посета на Hafezieh - гробницата на познатиот поет Tombof Havez. Вечера во ресторан. Ноќевање.
5
ШИРАЗ
    Појадок, по појадокот полудневен разглед на античкиот град Персеполис, еден од најзначајните светски археолошки локалитети заштитени од УНЕСКО. Градот датира од 515 г.п.н.е. и во него можат да се сретнат одлично зачуваните колонади, цитадела, пространи улици и Портата на Нациите, изградена од страна на Императорот Ксеркс , посветена на сите народи кои живееле во рамките на Персиската Империја. Посета на камените гробници на кралевите кои датираат од 1000 г.п.н.е, на Накш-е-Раџаб и Накш-е-Рустам. Вечера.-ресторан.Ноќевање.

6
ШИРАЗ- ШИРАЗ - ЈАЗД
    Појадок. Во раните утрински часови по појадокот заминување кон Јазд. Попатно посета на Пасаргадае. Сместување во хотел . Вечера во ресторан Ноќевање.
7
ЈАЗД
    Појадок. По појадокот, посета на Долат Абад, Зороастианскиот огнен храм и Џамијата Џамех.Слободно време за индивидуални активности до времето за вечера. Вечера во ресторан. Ноќевање.
8
ЈАЗД - ИСФАХАН
    Појадок. По појадокот се упатуваме кон Исфахан. По пристигнувањето во Исфахан, сместување на патниците во хотел и по краткиот одмор, посета на палатата Чехел Сотун и Катедралата Ванк. Посетата на двата антички моста Си-О-Се и Ќаху. Вечера во ресторан.Ноќевање.
9
ИСФАХАН
    Појадок. По појадокот заминување кон еден од најголемите плоштади во светот Хагш-е-Џахан ( “плоштадот на сликите на светот”) исто така познат како плоштад Имам, каде ќе имате можност за посета на: Имам Џамијата, Палатата Али Ќапу, Џамијата на Шеикот Лотфолах, и Пазарот . Вечера во ресторан. Ноќевање.
10
ИСФАХАН
    Појадок. По појадокот целодневен престој во Исфахан: посета на Монар Џонбан светилиштето изградено во 14 век и познато по“Tресечките минариња”, Палатата Хашт Бехешт. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и истражување на овој прекрасен град познат како најромантичниот град во Иран. Вечера во ресторан Ноќевање.
11
ИСФАХАН - ТЕХЕРАН
    Појадок. По појадокот одјава од хотелот и заминување кон Техеран. По патот за Техеран можност за посета на Кашан каде ќе ја посетиме Финската градина и Куќата на Табатабај. Во Техеран посета на Кулата Азади. Вечера во ресторан.Ноќевање.
12
ТЕХЕРАН
    Појадок. По појадокот посета на Филмскиот Музеј, Музејот за музика и Иранската градина. Вечера во ресторан. Ноќевање.
13
ТЕХЕРАН - ИKA АЕРОДРОМ
    Појадок. По појадокот одјава од хотелот слободни активности и заминување кон аеродромот ИКА полетување за Македонија.

Видео

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Повратен авио билет: Скопје-Техеран-Скопје
Туристички водич - локален
Туристички придружник за време на целото патување, организација и водење.
11 Ноќевања во Хотели со 3 / 4 * на база појадок и вечера во ресторан
Локален Авио лет Техеран – Шираз
Авионски такси
Локални трансфери, трансфери измеѓу градовите според планот на програмата
Влезници во културно историските споменици спомнати во програмата

Цената Не покрива?

  • Индивидуални екскурзии и дополнителни барања
  • Иранска ВИЗА – 30 €
  • Доплата за 1/1 соба + 370 €
  • Бакшиш за водич и возач

Pin It on Pinterest