КРФ

Ако за Божиќ велат каде и да си, дома да си, тогаш за Големата ноќ треба да си на Крф.
Местото кое е светски познато по традицијата и церемониите кои го одбележуваат празникот и се одржуваат два дена. Атмосферата е хармонија од обичаи на православната христијанска вера, паганските традиции, венецијанското наследство и многубројните поворки во присуство на филхармониски оркестар.Мистично привлечен, спакуван во историски приказни. Обоен од влијанија на најразлични цивилизации, фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има по број и вкус за секого, кристално чистата вода, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима…

ПРОМО ЦЕНА  6.140 мкд (99€) до 29.02 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 7,380 мкд (119€)

В А Ж Н И   И Н Ф О Р М А Ц И И

 

Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.Цената на аранжманот е пресметана на минимум 20 лица (за авионски) или 45 (за автобуски). Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот или на факултативите 7 дена пред терминот за тргнување. 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање. Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот. Аконтацијата се уплака: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.

Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот. Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот  на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус +45€ Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж ) или цената на сместувањето. Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор. Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна или зимската сезона   можни  се определени доцнења за кои однапред се извинуваме. Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото. Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич. Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата. Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми / намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај,  аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет...

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување. Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари. Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна  10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.Кредитни картици, вирманско плаќање,.Туристички кредит (6-36 рати ) аплицирање во агенција 15 минути во Агенција Плаќање преку синдикатски организации со посебни договори

  

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатно патувањe

 

Програма

1
1 Ден: 16.04.2020 Четврток
    Групата се собира на паркингот спроти х.Холидеј Инн, Скопје во 20:00 часот, а во 20:30 тргнување кон граничниот премин Богородица. Ноќно возење со попатни паузи на 3-4 часа. Препорачуваме добар одмор за време на патувањето со цел зачувување на позитивната енергија за утринските часови. Пристигнуваме на пристаништето во Игуменица од каде продолжуваме со траект до островот Крф, каде што ќе го доживееме Велигден на еден сосема поинаков начин.
2
2 Ден: 17.04.2020 Велики Петок
    Веќе сте се расониле со првото фрапе кога сино бистрите води на јонското море почнуваат да ја откриваат Керкира (градот Крф) и вашиот поглед најпрво ќе го привлече старата тврдина која го чува градот. Од пристаништето во Крф, не очекуваат 20 минути пат до нашата дестинација Ипсос. Сместување во приватни Вили. По сместувањето време за одмор, јадење и запознавање на околината. Програмата официјално започнува со посета на стариот град КРФ. Велики Петок е денот на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Враќање во Ипсос. Ноќевање.
3
3 Ден: 18.04.2020 Сабота
    Одморени од долгиот ден и со смирени импресии од првата посета на градот, се подготвуваме за следење на вториот дел, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува утрото. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турците од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга приказна пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини.Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „Утринското воскресение“. Од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичај е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.
    15:00 часот – Враќање во Ипсос. Слободно време за одмор и индивидуални активности.
    21:30 часот – Поаѓање кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение. На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение.
4
4 Ден: 19.04.2020 Недела Прв ден Велигден - Палеокастрица
    Ако природниот рај има име, тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица. Место богато со историја, богато со природна убавина, плажа која од која поубава. По пат кон ова легендарно место ќе направиме пауза за посета на музеј-фабриката Мавроматис. Фабриката го носи името на семејството кое најдолго се занимава со одгледување и произведување на најразлични производи од овошјето кумкват.Дрвото кумкват потекнува од Јужна Азија и е толку егзотично што во Европа, успева само на Крф и Шпанија. При нашата посета овде ќе имате прилика да погледнете краток документарен филм, од кој ќе научите за историјата и потеклото на овошјето, неговото преработување и производите од него. Најубавиот дел е бесплатната дегустација на ликерите и слатките со разни вкусови. По оваа дегустација полесно ќе можете да се одлучите за омилениот и да си го купите како сувенир од Крф. При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир кој гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј. Во него има експонати од манастирот пред неговата обнова, како и малиот музеј за производство на маслиново масло. Mожност за традиционална прослава со ручек во грчка таверна. Слободно време за одмор. Вечерта можност за забава во кафич. Ноќевање.
5
5 Ден: 20.04.2020 Понеделник Втор ден Велигден Палатата Ахилеон
    Последниот ден на островот го резервираме за посета на палатата Ахилеон. Напуштање на собите во Ипсос до 10:00 ч. и се упатуваме кон селото Гастури каде се наоѓа палатате. Оваа палата е изградена од Австро-унгарската императорка, Елизабета позната како принцезата Сиси. Палатата била користена како нејзина летна резиденција се до нејзината трагична смрт пришто е напуштена до 1907 год, кога ја купува Кајзер Вилхем 2 од Германија.
    Во денешно време е музеј со прекрасна градина, скулптури, фрески и други уметнички дела. Тие ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот со доволно приказни што ќе ни останат во сеќавање и по пристигнувањето дома. Во меморијата сигурно ќе ви се вреже и приказната за животот на императорката која откако ги губи своите деца станува опседната со одржување на својата младост, фигура и убавина. Патувајќи сама и барајќи го својот мир, наоѓа восхитување во грчката митологија, култура и јазик. Токму затоа во архитектурниот стил на палатата како главна тема се провлекува јунакот Ахил. Токму затоа и самата палата го добива неговото име.Посетата на Палатата е факултативна, кој не сака ова време го користи за прошетка низ градот Крф.
    15:00 часот – Го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Цената покрива:

Професионален придружник од агенцијата за време на целото патување и сите активности
Три организирани посети на градот Крф, со превоз со цел следење на процесијата и прославата за Христовото воскресение
Сместување во приватни вили 3ноќи/4дена
Организирана вечерна забава во Ипсос
Автобуски превоз Скопје- Игуменица- Скопје
Превоз со траект Игуменица – Крф – Игуменица

Цената Не покрива?

  • Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис 15 евра
  • Патничко осигурување 5€ (до 65 год)
  • Празничен ручек во традиционална таверна
  • Организиран превоз и влезница во Палатата Ахилион, Палатата на Сиси 15 евра

Pin It on Pinterest