Слични Понуди

Програма

1
1 Ден 16.04.2020 СКОПЈЕ - САЛЗБУРГ
    Состанок со групата на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“ во 11.30 ч. ипоаѓање за Салзбург во 12:00 часот. Дневнои ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2 Ден 17.04.2020 САЛЗБУРГ - МИНХЕН
    Пристигнување во Салзбург во пладневните часови. Разглед на градот: Дворец Мирабел и градината, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од VIII век. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Патувањето продолжува кон Минхен. Сместување во хотел. Ноќевање.
3
3 Ден 18.04.2020 МИНХЕН
    Појадок. Разглед на градот: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на
    Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен.Сместување во хотел. Во вечерните часови фалултативна
    посета на пивница. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 Ден 19.04.2020 МИНХЕН - ЛИНДЕРХОФ - ОБЕРАМЕРГАУ - НОЕШВАНШТАЈН - МИНХЕН
    Појадок. После појадокот посета на живописното гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време
    на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови ….. Враќање во хотел.. Ноќевање.
5
5 Ден 20.04.2020 МИНХЕН – СКОПЈЕ
    Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, попатна посетана на најголемото
    баварско езеро, Ким (Chiemsee). Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо стил, по модел на Версај. По посетата на палатата и музејот Лудвиг Ii во попладневните часови заминување за Скопје.
6
6 ден 21.04.2019 СКОПЈЕ
    Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest