Фиренца-Чинкветере-Сиена-Сан Џимињано

Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана... Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере... Фиренца - ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија... Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти... познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време... Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана... славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина... Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре... Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии... Магијата на Чинкветере е неповторлива...

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот

Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот

Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника

За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата

Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот

Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл...

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

 

Програма

1
1 ден 16.04.2020 – Скопје – Монтекатини
    Состанок на групата во 10:00ч. на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 10.30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.
2
2 ден 17.04.2020 – Монтекатини – Пиза – Монтекатини
    Пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови организирана посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден 18.04.2020 – Монтекатини – Чинкве Тере (Cinque Terre) – Монтекатини
    Појадок. После појадокот заминување (08:00ч.) на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.
4
4 ден 19.04.2020 – Монтекатини – Сиена – Сан Џемињано – Монтекатини
    Појадок. После појадокот заминување на полудневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni и плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio… Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.
5
5 ден 20.04.2020 Монтекатини – ФИРЕНЦА – Скопје
    Појадок. После појадокот (08:00) заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.
6
6 ден 21.04.2020 – Скопје
    Пристигање во Скопје во вечерните часови.

Цената покрива:

Вечерен разглед на Пиза
Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето
Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
Превоз со високотуристички автобус на дадената релација

Цената Не покрива?

  • Задолжителенa посета на Фиренца со локален водич – 20€
  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, Cinque Terre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Корнилија итн.) – 45€
  • Посета на Сиена и Сан Џемињано (трансфер, локален водич) – 45€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (се плаќа на рецепција 1-3€ на ден)
  • Патничко здравствено осигурување (групно, без франшиза) – 5€
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

Pin It on Pinterest