Кушадаси

Некогаш малото рибарско место Кушадаси (Островот на птиците), денес претставува еден од најизградените туристички центри на Егејскиот Брег. 

Топлата гостопримливост. големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор. 

Благата медитеранска клима, за време на летните месеци, Ви нуди можност за релаксиран одмор за време на големите летни горештини. 

 

В А Ж Н И   И Н Ф О Р М А Ц И И

*Секој програм е креиран со посебни услови.

*Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

Цената на аранжманот е пресметана на минимум 20 лица (за авионски) или 45 (за автобуски).

*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот или на факултативите 7 дена пред терминот за тргнување.

*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање.

*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

*Аконтацијата се уплака: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.

*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот. Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот  на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.

*Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус +45€

*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж ) или цената на сместувањето.

*Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.

*Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.

*Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна или зимската сезона   можни  се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет.

*Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество

*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

*Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми / намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај,  аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет...

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување. Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна  10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.Кредитни картици, вирманско плаќање,.Туристички кредит (6-36 рати ) аплицирање во агенција 15 минути во АгенцијаПлаќање преку синдикатски организации со посебни договори

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатно патување !

Слични Понуди

Програма

1
1 ден СКОПЈЕ - КУШАДАСИ
    Состанок со групата во 11:00 часот. Се патува од Скопје, Грција, Александропулос, Чанаккале, Кушадаси. Дневно и ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности, патот води кон Чанаккале.
2
2 ден КУШАДАСИ
    Пристигнување во Чанаккале краток одмор, во непосредна близина се наоѓа и Троја-Тројанскиот коњ каде што само ќе поминеме а Вашиот водич ќе Ви објасни значењето на овој дел.Продолжуваме кон Кушадаси. Пристигнување во Kушадаси, сместување во хотел, краток одмор. Посета на фабриката за кожа и разглед на градот со неговите културно-историски знанемитости. Враќање во хотел. Факултативна посета на Турски Амам. Вечера. Ноќевање.
3
3 ден КУШАДАСИ-ПАМУККАЛЕ
    Појадок,заминување факултативно кон Памуккале: едно од чудата на природата каде минералните водопади формирале бели скалести карпи. Слободно време за индивидуални активности.(тие што ќе останат во Кушадаси). Враќање во хотел. Вечера.Ноќевање.
4
4 ден КУШАДАСИ-ЕФЕС-САРАМСАКЛИ
    Појадок, по појадокот заминување за Ефес: еден од најбогатите археолошки локалитети од Антички период, посета на куќата на Света Богородица, во која Дева Марија ги поминува последните денови од својот живот, посета на Ѕидот на желбите. Потоа се упатуваме кон малото градче Селчук каде се посетува Црквата и гробот на Св. Јован. Во попладневните часови пристигнување во Сарамсакли и упатување кон “Şeytanın ayağı” или така наречената Ѓаволска стапка-нога, местото од каде ако се дојде пред залезот на сонцето може да ги направите најубавите фотографии (доколку дозволи времето). Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
5
5 ден САРАМСАКЛИ-ЏУНДА
    Појадок, по појадокот слободни активности и заминување кон Ајвалик: посета на Фабриката за производство на маслиново масло и маслинки-можност за дегустација и купување на истите до времето пред тргнување за Џунда. Крстарење по островите. Факултативно; Ручек на брод. Кратка пауза во Џунда: посета на православна Црква, Музеј, прошетка покрај море... По краткиот одмор во вечерните часови заминување за Македонија во договореното место и време.
6
6 ден СКОПЈЕ
    Пристигнување во Скопје во попладневните часови

Цената покрива:

Сместување во хотел 3/4 * во Сарамсакли на база 1 ноќевање со појадок и вечера
Пратител на патувањето и организација на аранжманот
Локални водичи Кушадаси, Ефес, Измир, Џунда
Сместување во хотел 4* во Кушадаси на база 2 ноќевањa со појадок и вечера
Превоз на наведената релација со високо квалитетни туристички автобус
Вклучени сите влезови и дозволи:Чанакале,Eфес,Сарамсакли,Џунда(музеј)
Туристичка такса во хотелите
Траект Чанаккале

Цената Не покрива?

  • Осигурување 5 € (до 64 години)
  • Крстарење со брод - Џунда 15 €
  • Куќата на Дева Марија и Ефес 25 €
  • Влезници за музеите и останати знаменитости
  • Турска бања 15 €
  • Памуккале 30 €

Pin It on Pinterest