Апартхотел ALEXANDER INN

Ставрос е идеално место за семејно летување, за оние кои сакаат да поминат релаксирачки одмор, како и за млади. Има особено блага клима, песочни плажи кои во еден дел од градот се со нагласено плитко море и развиена трговска мрежа која за време на летниот период е во постојана функција на туристите. Градот е оддалечен од Солун само 80 километри, а во непосредна близина се наоѓаат туристичките места Неа Врасна и Аспровалта со кои е поврзан со автобус кој сообраќа преку целиот ден. Градот изобилува со маркети, ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, пекари, продавници за гардероба и сувенири...Во центарот на градот има луна парк и најразновидни забавни игри за децата, убаво уреден парк,мало пристаниште, банка... Во близина на Ставрос се наоѓа познатото место Олимпијада каде Ви препорачуваме да ја посетите фантастичната Платинеста плажа.

Апартхотелот „Alexander Inn“ е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан  и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија  на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, купатила, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект  е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг.

Апартхотел „Alexander Inn” - Ставрос

Термин:

Ноќевања:

1/3 студио (паркинг)

1/3 студио (базен)

26.05-05.06.2020

10

200 (12.400 ден.)

220 (13.640 ден.)

05.06-15.06.2020

10

280 (17.360 ден.)

300 (18.600 ден.)

15.06-25.06.2020

10

330 (20.460 ден.)

350 (21.700 ден.)

25.06-05.07.2020

10

430 (26.660 ден.)

450 (27.900 ден.)

05.07-15.07.2020

10

530 (32.860 ден.)

550 (34.100 ден.)

15.07-25.07.2020

10

580 (35.960 ден.)

600 (37.200 ден.)

25.07-04.08.2020

10

580 (35.960 ден.)

600 (37.200 ден.)

04.08-14.08.2020

10

580 (35.960 ден.)

600 (37.200 ден.)

14.08-24.08.2020

10

580 (35.960 ден.)

600 (37.200 ден.)

24.08-03.09.2020

10

480 (29.760 ден.)

500 (31.000 ден.)

03.09-13.09.2020

10

430 (26.660 ден.)

450 (27.900 ден.)

13.09-23.09.2020

10

280 (17.360 ден.)

300 (18.600 ден.)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10  ноќевања без вклучен превоз

-Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  

-Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

-Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

-Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Ставрос

-Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

-Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Секоја програма е креирана со посебни услови,Агентот ке Ве извести за секоја нова промена доколку не е наведено во програмата

Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот

Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот

За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

Можност за плаќање на рати

Побарајте Патничко Осигурување како и договор со општи услови

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и ТА. Камелија Турс,

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

   Тимот на КАМЕЛИЈА ТУРС ви посакува пријатен одмор.

Слични Понуди

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest