Вила EVGENIA

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота.  Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос  се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami. Вилата „Evgenia“ се наоѓа на само 20 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата, сите се комплетно нови, прва година се во употреба и имаат целосно нов мебел. Сите  имаат комплетно опремени кујни со електрични шпорети со рерни и фрижидери со одделни комори за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената (петкреветните дуплекс апартмани имаат телевизори и клими во секоја спална соба). Сите сместувачки капацитети имаат по две тераси со поглед во дворот на вилата или со поглед на улица. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Во вилата е забрането внесување на домашни миленичиња.

Напомена: Апартманите се комплетно нови и ќе бидат прва сезона во употреба.

Вила „Evgenia” - Јерисос

Термин:

Ноќевања:

1/2+2 апартман

1/5 апартман дуплекс

26.05-05.06.2020

10

250 (15.500ден.)

350 (21.700 ден.)

05.06-15.06.2020

10

300 (18.600 ден.)

400 (24.800 ден.)

15.06-25.06.2020

10

400 (24.800 ден.)

500 (31.000 ден.)

25.06-05.07.2020

10

450 (27.900 ден.)

600 (37.200 ден.)

05.07-15.07.2020

10

500 (31.000 ден.)

650 (40.300 ден.)

15.07-25.07.2020

10

550 (34.100 ден.)

700 (43.400 ден.)

25.07-04.08.2020

10

550 (34.100 ден.)

700 (43.400 ден.)

04.08-14.08.2020

10

550 (34.100 ден.)

700 (43.400 ден.)

14.08-24.08.2020

10

550 (34.100 ден.)

700 (43.400 ден.)

24.08-03.09.2020

10

500 (31.000 ден.)

600 (37.200 ден.)

03.09-13.09.2020

10

400 (24.800 ден.)

500 (31.000 ден.)

13.09-23.09.2020

10

300 (18.600 ден.)

400 (24.800 ден.)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз

-Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  

-Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

-Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

-Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос

-Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

-Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Секоја програма е креирана со посебни услови,Агентот ке Ве извести за секоја нова промена доколку не е наведено во програмата

Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот

Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот

За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

Можност за плаќање на рати

Побарајте Патничко Осигурување како и договор со општи услови

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и ТА. Камелија Турс,

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

   Тимот на КАМЕЛИЈА ТУРС ви посакува пријатен одмор.

Слични Понуди

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest