ВИЛА ВРАХОС

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија.

 Вилата „Vrahos“ се наоѓа на 20 м од една од најубавите плажи на Ситонија-Каламитси. Лоцирана е на прва линија до морето и од терасите на апартманите се простира неверојатно убава глетка кон целиот залив.  Во оваа вила располагаме со четирикреветен апартман на прв спрат со тераса  која  има директен поглед на море. Апартманот има квалитетен мебел и солидно опремена кујна (електричен шпорет со рерна и фрижидер со одделна комора за замрзнување), телевизор, клима чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор на платформа опремен со маси и столчиња и простор за скара. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. До вилата има простор за паркинг.

 

Вила „Vrahos” - Каламитси

Термин:

Ноќи

1/4 апартман I спрат

20.05-30.05

10

250 (15.550 ден.)

30.05-09.06

10

350 € (21.700ден.)

09.06-19.06

10

450 (27.900 ден.)

19.06-29.06

10

550 (34.100 ден.)

29.06-09.07

10

680 (42.160 ден.)

09.07-19.07

10

780 (48.360 ден.)

19.07-29.07

10

780 (48.360 ден.)

29.07-08.08

10

780 (48.360 ден.)

08.08-18.08

10

780 (48.360 ден.)

18.08-28.08

10

680 (42.160 ден.)

28.08-07.09

10

550 (34.100 ден.)

07.09-17.09

10

450 (27.900 ден.)

17.09-27.09

10

350 (21.700 ден.)

 

    

Напомена: Во апартманот дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 6 години.

 - Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќи без превоз

Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

  

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

*Секоја програма е креирана со посебни услови,Агентот ке Ве извести за секоја нова промена доколку не е наведено во програмата

*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети

*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

*За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

*Можност за плаќање на рати

*Важат Општите услови на СКТМ и ТА Камелија Турс

 

 Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

   Тимот на КАМЕЛИЈА ТУРС ви посакува пријатен одмор.

 

 

 

 

 

 

 

 

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest