ВИЛА СПАНОС

 

Куќа „Спанос“ е лоцирана во центарот на Полихроно. Оддалечена е околу 120 метри од плажата. Веднаш до неа има приватен, затворен паркинг само за гостите на куќата. Апартманите кои се наоѓаат на првиот и на вториот кат се трикреветни, четирикреветни и двоспални т.е. дуплекс-апартмани, широки и пространи, со комплетно опремени кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима и интернет вклучени во цената. Во понудата нема пешкири. Единствена забелешка е тоа дека погледот од терасите е лимитиран кон друг објект.

За целосни уплати до 31 декември:

20% за сезонски цени | 15% за вонсезонски цени 

 

 

Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

24.5-31.5

7

59

35

31.5-7.6

7

79

35

7.6-14.6

7

119

35

14.6-21.6

7

139

35

21.6-28.6

7

159

35

Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/3 апартман

1/4 апартман

1/4 дупл. апарт.

28.6-7.7

9

355

395

435

7.7-16.7

9

395

435

465

16.7-25.7

9

425

475

505

25.7-3.8

9

485

505

545

3.8-12.8

9

485

505

545

12.8-21.8

9

485

505

545

21.8-30.8

9

395

435

505

Вонсезонски цени

 

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

30.8-6.9

7

159

35

6.9-13.9

7

139

35

13.9-20.9

7

99

35

20.9-1.10

10

79

35

Напомени и услови:

·  Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.

·  Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума

·  Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

·  Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

·  Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

·  За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

·  При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.

·  Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

·  Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

·  Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 

·  Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.camelliatravel.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.camelliatravel.com.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Скопје, на ул. Филип Втори Македонски бр 5 

·  За информациите добиени од вработените на т.а. „Камелија “, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.

·  Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

·  Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 

·  За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

·  Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

·  т.а. „Камелија Турс“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

·  Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

·  Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Камелија Турс“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „Камелија Турс“.
Тимот на “
Камелија Турс” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.

 

 

Слични Понуди

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest