Барселона

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи, кај некои од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

 

Термин06.03-09.03.2020

 

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ:340 € (21.080,00 мкд)

 

Општи напомени

·  Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

·  Цената е пресметана на минимум 20 лица(авионска) или 45 (автобуска)и доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и за факултативите

·  Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа (аконтацијата е неповратна во случај на отказ од страна на патникот)

·  Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари 

·  Пасошот треба да важи минимум  6 месеци по завршување на патувањето

·  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

·   За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици

·  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето

·  Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот да ја намали или зголеми цената   во случај на промена  (авионски билет,туристчка такса,аеродромска такса,копнен сообраќај , додатен багаж ) или цената на сместувањето

·  Сместување на патниците е според правилата на хотелот дадени во моментот на расположливи капацитети

·  Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите

·  5 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за времето и местото

·  Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€  , дополнително седиште во автобус +45€

·  Агенцијата овозможува плаќање секој месец од 0-36 рати без камата, кредитни картици,вирманско плаќање,готовинско плаќање

·  Секоја програма е е креирана со посебни услови

·  Побарајте патничко осигурување во агенција

·  Важат Општите услови на Т.А Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМОрганизатор на ова патување е Камелија Турс:  Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ  (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции

             Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор!

Напомени

Важно :Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување,непочитување на саатнините закажана однапред од страна на аенцијата и локалниот водич)     

*Понудените факултативи 

 

Слични Понуди

Програма

1
1 ден/ 06.03. Скопје-Барселона
    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:15 часот. Полетување за Барселонa во 18:15 ч. Пристигнување во Барселона во 21:05 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
2
2 ден/ 07.03. Барселона (целодневен разглед на градот)
    Појадок во хотел. Панорамски разглед на Барселона со водич и организиран превоз: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо,Готскиот кварт Минувајќи низ неколку улици ќе ја здогледате импозантната градба ,Гаудиевото животно дело – Саграда Фамилија. Правиме и попатна посета на Паркот Цитадела. Прошетката продолжува низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. На враќање ќе го видиме ремек делото на шпанскиот архитект Антонио Гауди Каса Батло (Casa Batlló) , или Куќата од коски , изградена на во почетокот на 20 век , а наспроти неа ќе ја здогледате и Каса Мила (Casa Milà)или Ла Педрера , куќата без рабови , која додека ја набљудувате имате впечаток како да гледате во смрзнати бранови. Факултативен разглед до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден/ 08.03. Барселона (паркот Гуељ,Тибидабо,Мон Жуик, Шпанското село,Фламенко шоу и Магичните фон
    Појадок во хотел. Ви нудиме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Првин одиме во посета на паркот Гуељ, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и е значајна знанемитост на Барселона . На влезот во паркот , кој што е огромен и каде што ќе доживеете необјасниво смирување и спокојство , иако туристи од разни континенти буквално го преплавуваат целиот парк ,се наоѓаат Гаудиевата куќа и гуштер облепен со скршени керамички плочки , изработка по гаудиевата техника “тренкадис” . Посетата продолжува кон Тибидабо , (највисоката точка во Барселона -512 метри надморска височина ) паркот Гуел се наоѓа во подножјето на брдото Тибидабо . Од ова брдо се пружа совршен и најубав поглед на цела Барселона и морето , тука може да уживате ,да се напиете кафе , сок и сето тоа додека музицира локален бенд , расположен за добра свирка и забава. Посетата продложува кон ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата и продолжуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Враќање во хотел со метро.Слободно време за индивидуални активности. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу, фламенкото претставува национален танц на Шпанија кој представува микс на музика и танц.По шоуто факултативно се упатуваме кон Шпанскиот плоштад и Магичните фонтани каде ја следиме представата на фонтаните.Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден/ 09.03. Барселона (Аквариум,плажата Барселонета и шопинг центарот Маремагнум)
    Појадок.Напуштање на хотел. Факултативна посета до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност во шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза, ручек или шопинг.Организиран трансфер до аеродромот Ел Прат. Лет за Скопје. Пристигнување во Скопје.

Цената покрива:

Авионски превоз на наведената дестинација Скопје – Барселона – Скопје со Wizzair
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см) што треба да се смести под седиштето
Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
Организиран разглед на Барселона по програмата со локален водич и автобуски превоз
Организиран трансфер аеродром хотел аеродром

Цената Не покрива?

  • Аеродромски такси 35€ (2.170,00 денари)
  • Чекиран багаж (цената зависи од дадениот моментот на резервација)
  • Целодневна посета на парковите Барселона (Парк Гуел, Тибидабо,Мон Жуик и Шпанско село) со водич,влезници и организиран превоз – 85 €
  • Влезница за Аквариумот ,посета на плажата Барселонета и посета на шопинг центарот Маремагнум со организиран превоз и водич 65 €
  • Влезница за стадионот Ноу Камп 40 € (со превоз)
  • Влезница за посета на Фламенко шоу со вклучен пијалок и вечера 75€ (превоз,влезница и вечера со традиционална сангрија)
  • Организирана посета на Магичните фонтани со превоз и водич – 25€
  • Билети за јавен превоз на лице место
  • Туристичка такса
  • Патничко – здраствено осигурување 5 € (до 65 години)

Pin It on Pinterest