Будимпешта

 Градот кој е сместен помеѓудвете страни на величествениот Дунав, град со богато архитектонско и историско наследство, нуди неспоредлива комбинација на култура, одлична кујна и термални бањи …Од едната страна Будим, со термалните бањи од отоманската ера, во подножјето на спектакуларниот рид Гелерт, кралската палата и црквата Матијас, зрачи со мир. Од другата страна Пешта, живописна и жива, богата со музеи, културни и историски богатства, извонредна архитектура, како што е зграда на парламентот, една од највеличествените во светот, базиликата Свети Стефан, опкружена со пешачки улици и целосно реновираниот Еврејски Кварт.

                    Термин : 05.03.-08.03.2020                                       

 ПРОМО ЦЕНА 210 € (13,020,00 мкд)  ДО 20.01.2020

 ЦЕНA ПО ЛИЦЕ:225 € (13.950,00 мкд)                                         

Општи напомени

*Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

*Цената е пресметана на минимум 20 лица(авионска) или 45 (автобуска)и доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и за факултативите

*Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа (аконтацијата е неповратна во случај на отказ од страна на патникот)

*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари 

*Пасошот треба да важи минимум  6 месеци по завршување на патувањето

*Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 * За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици

*Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето

*Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот да ја намали или зголеми цената   во случај на промена  (авионски билет,туристчка такса,аеродромска такса,копнен сообраќај , додатен багаж ) или цената на сместувањето

* Сместување на патниците е според правилата на хотелот дадени во моментот на расположливи капацитети

 *Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите

*5 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за времето и местото

*Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€  , дополнително седиште во автобус +45€

 *Агенцијата овозможува плаќање секој месец од 0-36 рати без камата, кредитни картици,вирманско плаќање,готовинско плаќање

*Секоја програма е е креирана со посебни услови

*Побарајте патничко осигурување во агенција

*Важат Општите услови на Т.А Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

* Организатор на ова патување е Камелија Турс:  Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ  (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции

Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор!

Напомени

Важно :Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување,непочитување на саатнините закажана однапред од страна на аенцијата и локалниот водич)    

*Понудените факултативи може да се организираат со јавен превоз од страна  на пратителот на групата

       

 

 

Слични Понуди

Програма

1
1 ден/ 05.03.Скопје- Будимпешта
    Состанок на група на аеродромот во Скопје во 13:00 часот. Полетување за Будимпешта со лет на Wizz air во 15.35 часот. Слетување во Будимпешта во 17:00 часот. Организиран трансфер до хотел .Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
2
2 ден/ 06.03. Будимпешта
    Појадок. По појадокот се упатуваме на панорамски раглед. на градот: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, преку мостовите на Дунав, кои ги спојуваат Будим и Пешта, на Цитаделата – Кралската палата, Црквата Св. Матејас, и на крај Рибарската тврдина.Слободно попладне. Вечерта факултативно – вечера во традиционален унгарски ресторан – чарда со богата музичка и фолклорна програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.
3
3 ден/ 07.03. Будимпешта-Сент Андреа-Будимпешта
    Појадок. Факултативна посета на Сент Андреа -малото живописно гратче во непосредна билизина на Будимпешта, ќе ве освои со старата архитектура, шетајќи по калдрместите улички на сите страни винотеки, ресторани и слаткарници каде задолжително е да се пробаат слатки со марципан.Слободно време за индивидуални активности .Враќање во Будимпешта и можност за факултативно крстарење со брод под прекрасните мостови на Дунав, за да ја запознаете Будимпешта и навечер.Враќање во хотел.Ноќевање.
4
4 ден/ 08.03.Будимпешта-Скопје
    Појадок . Слободно време до заминување на аеродром.Трансфер до аеродром, полетување за Скопје со Wizz air во 13:40 часот. Слетување во Скопје во 15:00 часот.

Цената покрива:

Авиобилет на релација Скопје – Будимпешта – Скопје
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см) што треба да се смести под седиштето
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Организиран разглед на Будимпешта со локален водич
Сместување во хотек 3* на база 3 ноќевања со појадок
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

Цената Не покрива?

  • Аеродромски такси 2.000,00 денари
  • Влезници во музеите и културно – историските споменици
  • Чекиран багаж (цената зависи од дадениот моментот на резервација)
  • Посета на Сент Андреа 60 евра
  • Крстарење со брод по Дунав со 35 евра
  • Вечера во чарда 40 евра
  • Туристичка такса
  • Билети за јавен превоз на лице место
  • Патничко – здраствено осигурување 5 € (до 65 години)

Pin It on Pinterest