Португалија

Во тесните, трошни и шармантни улици во португалските градови, понекогаш изгледа како времето да застанало, секако во позитивна смисла.  Без разлика дали седите во некој од рестораните или јадете костени или се возите во трамвај – ќе бидете опиени од атмосферата на препознатливата фадо бохемија.Центарот на Португалија, Лисабон, фасцинира со својата историја и уникатен карактер кој се чувствува во секој негов агол. Овој град не може, а да не ви измами насмевка на лицето. Тука живее 2000 години стара култура и затоа списокот на места кои треба да ги посетите е многу долг.Најголем фаворит на туристите е Порто. Прекрасен град со атрактивни градби и положба. Се наоѓа помеѓу океан и река. Целиот град е на ридишта, има  мост кој е конструиран од фирмата Ајфел поврзан е со малото гратче Гаиа од каде всушност доаѓа познатото Порт Вино. 

ПОРТУГАЛИЈА е земја во која ќе сакате да се вратите уште еднаш.

Термин : 26.05.-30.05.2020 

   ПРОМО ЦЕНА 820 (50.840,00 мкд)  ДО 20.01.2020

 ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: 840 € (52.080,00 мкд)

Општи напомени:

·  Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

·  Цената е пресметана на минимум 28 лица(авионска) или 45 (автобуска)и доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и за факултативите

·  Резервација се прави со уплата на 50% најкасно до 20.12.2019. од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа (аконтацијата е неповратна во случај на отказ од страна на патникот)

·  Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари 

·  Пасошот треба да важи минимум  6 месеци по завршување на патувањето

·  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

·  За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици

·  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето

·  Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот да ја намали или зголеми цената   во случај на промена  (авионски билет,туристчка такса,аеродромска такса,копнен сообраќај , додатен багаж ) или цената на сместувањето

·  Сместување на патниците е според правилата на хотелот дадени во моментот на расположливи капацитети

·   Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите

·  5 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за времето и местото

·  Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€  , дополнително седиште во автобус +45€

·  Агенцијата овозможува плаќање секој месец од 0-36 рати без камата, кредитни картици,вирманско плаќање,готовинско плаќање

·  Секоја програма е е креирана со посебни услови

·  Побарајте патничко осигурување во агенција

·  Важат Општите услови на Т.А Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

·  Организатор на ова патување е Камелија Турс:  Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ  (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции

              Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор!

 Напомени

Важно :Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување,непочитување на саатнините закажана однапред од страна на аенцијата и локалниот водич)    

*Понудените факултативи може да се организираат со јавен превоз од страна на пратителот на групата

 

 

Програма

1
1 ден / 26.05. Софија-Лисабон (разглед на градот)
    Состанок на групата на Дрво Декор 02:45 , поаѓање за Софија во 03:00 часот.Пристигнување на аеродромот во Софија . Полетување за Лисабон во 11:45 ч со лет на авиокомпанијата "Wizz Air".. Пристигнување во Лисабон во 14:05 часот. Пречек на аеродромот од страна на партнер агенцијата во Лисабон. Заминуваме на разглед на Лисабон со локален туристички водич: плоштад “Маркиз де Помбал”; Квартот “Баиша”, реставриран по земјотресот во 1755 год.; плоштадите "Роси", "Фигеира" и "Комерсио", Статуата на морепловци, кулата "Белем" и манастирот "Херонимуш", се смета за ремек-дело на португалската мануелска уметност, чиј основоположник е кралот Мануел.Слободно време за индивидуални активности. Организиран ручек .Сместување во хотел во Лисабон. Ноќевање.
2
2 ден / 27.05. Лисабон-Синтра-Кабо Де Рока-Есторил-Каскаис -Лисабон (факултативна фадо вечера)
    Појадок.По појадокот, факултативна посета на средновековното село Синтра ( светско наследство на УНЕСКО). Посета на шармантната Кралска палата Не ја напуштајте Синтра без да ја вкусите локалната гастрономска специјалност: „ queijadas “. Ручек Потоа, ќе го посетиме Кабо де Рока - најзападната точка на Европскиот континент, каде "завршува Земјата и започнува Морето"., Посета на Каскаис и Есторил. Откријте го „Сончевиот брег“ и неговите плажи: космополитскиот Есторил и шарениот залив на Каскаис. Каскаи е традиционално рибарско село и динамично одморалиште со барови, ноќни клубови и добри ресторани.Факултативна вечера со фадо музика,песната на Португалската душа која ја прогласи УНЕСКО како светско нематеријално културно наследство.Враќање во хотел во 23:30ч.Ноќевање.
3
3 ден / 28.05. Лисабон-Порто (разглед на Порто)
    Појадок. По појадокот заминување кон Порто втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа.Пристигнување во предпладневните часови и заминување на разглед на Порто .: Станицата “Сао Бенто”; камбанаријата на “Торе дос Клеригос”; Катедралата, од каде средновековните улици со гранитни куќи од 12 век стигнат до шеталиштето "Доуро".Посета на визба и дегустација на најубавите вина кој што доаѓаат токму од Порто. Слободно време со можност за прошетка со брод по реката Доуро.Сместуување во хотел.Слободни активности. Ноќевање.
4
4 ден / 29.05. Порто- Фатима - Баталја - Назаре - Обидуш - Лисабон
    Појадок.По појадокот факултативно заминување кон Фатима - најпознатиот поклонички центар во Португалија. .Потоа, се упатуваме кон Баталја, каде што не можете да го промашите манастирот Санта Марија да Витрија, прогласено за универзално наследство од УНЕСКО и едно од ремек-дела на португалската готска и мануелска уметност. Изграден е за да ја прослави независноста на Португалија.. Потоа, заминување во Назаре, најтипичното и шарено рибарско село на Португалија.Организиран ручек Слободно време за прошетка покрај плажа. Посета на Sítio за да имате прекрасен поглед кон градот и плажата.Се упатуваме кон посета на прекрасното сочуванио градче Óбидуш, создаден во средниот век со своите живописни улици. Препорака : Дегустација на традиционален ликер „ Ginginja “ (од цреша).” Враќање во Лисабон.Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
5
5 ден / 30.05. Лисабон-Софија
    Појадок. По појадокот трансфер до аеродром . Заминување за Софија во 14:45 ч. со лет на авиокомпанијата "Wizz Air". Пристигнување на аеродромот во Софија. Организиран превоз до Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената покрива:

Повратен авио билет на наведената релација Софија-Лисабон-Софија (со вклучен рачен багаж со димензии 40х30х20см)
Организација и реализација на аранжманот и придржник од агенција
Организирана посета на Обидуш-Назаре-Баталја –Фатима со организиран ручек во Назаре
Сместување во Hotel Holiday In Express Av. Liberdade 3* во Лисабон со 3 ноќевања со вклучен појадок и туристичка такса
Оганизиран разглед на Порто со локален туристички водич (вклучен превоз и влезници)
Организиран трансфер Лисабон-Порто-Лисабон
Сместување во Hotel Holiday In Express Santa Catarina 3* Порто со 1 ноќевање со вклучен појадок и туристичка такса
Дегустација на традиционален ликер „ Ginginja “ (од цреша).
Целодневен организиран разглед на Лисабон со локален туристички водич (вклучен превоз,ручек и влезници)
Дегустација на португалскиот десерт “Pastel de Belem”
Организиран трансфер Скопје- Софија –Скопје
Трансфер во Лисабон аеродром-хотел -аеродром
Посета на винарија и дегустација на португалски вина

Цената Не покрива?

  • Аеродромска такса 2.000 денари
  • Факултативна посета Синтра-Кабо Де Рока-Есторил-Каскаис -70 € (во цената е вклучено превоз со туристички автобус, локален водич,влезници и ручек со вклучени пијалок)
  • Факултативна вечера со традиционална фадо музика (превоз, вечера со вклучен пијалок) - 70 €
  • Крстарење по реката Доуро –Порто (50 минути) - 20 €
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 270 €
  • Патничко осигурување 5€ (до 65 години)

Pin It on Pinterest