Барселона

 Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

 

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ - 499 € 

Ограничен број на места!!

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: РАЗГЛЕД + ПАРКОВИ + ФЛАМЕНКО = 115 €,

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА !!!


ОПШТИ НАПОМЕНИ:

·  Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа

·  Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот

·  Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

·  За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника

·  За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

·  Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот

·  Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот

·  Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите

·  За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици

·  Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

·  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А.Камелија Турс и СКТМ

 

 

 

Слични Понуди

Програма

1
1 ден: (30.12.2019 - понеделник) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:50 часот. Полетување за Барселонa во 17:50 ч. Пристигнување во Барселона во 20:35 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
2
2 ден: (31.12.2019– вторник ) - БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, РАМБЛАС, АКВАРИУМ )
    Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, Саграда Фамилија(40 минутен разглед), Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности...Враќање во хотел и припрема за новогодишна прослава на некој од плоштадите во Барселона. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден: (01.01.2020 – среда ) - БАРСЕЛОНА
    Појадок во хотел. Слободно време и можност за посета на шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе , ручек или шопинг. Во вечерните часови Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден: (02.01.2020- четврток) - БАРСЕЛОНА (Парк Гуел, Шпанско село, Ноу Камп)
    За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Започнуваме со посета на паркот Гуел - едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Потоа се упатуваме кон Шпанското село кој претставува музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видите музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
5
5 ден: (03.01.2020– петок ) - БАРСЕЛОНА ( Зоолошка градина ) - Скопје
    Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна факултативна посета на парк Цитадела и Зоолошката градина. Сместена во централниот парк на Барселона, претставува една од најголемите и најпосетени Зоолошки градини со преку 1 милион посетители годишно. Во огромното пространство сместени се над 2.500 видови на животни. Изградена е како отворен тип на зоолошка градина, каде има можност за директен контакт со дел од животните. До пред неколку години, оваа градина беше дом на единственото албино горила што постоеше во светот. Оваа Зоолошка градина е атрактивна за сите возрасти и претставува забава за цела фамилија. Индивидуално враќање во хотел и слободно време. Трансфер до аеродормот во Барселона во 19:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 21:15 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 23:55 часот локално време.

Цената покрива:

Директен лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата и организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Сместување во двокреветни соби во хотел 4*;
Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;

Цената Не покрива?

  • Аеродромски такси по лице се 3.720 денари,
  • Организиран панорамски разглед на Барселона со локален водич и трансфер – 25 €. Цена за деца од 2-12 години: 22 €.
  • Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет и трансфер во еден правец, враќањето е со метро и не е вклучено во цената) – 35 € / само билет 28 €. Цена за деца од 3-12 години - 30 €/само билет – 23 €;
  • Посета на Парковите на Барселона (Парк Гуел, Тибидабо, Шпанско село) со водич и билет – 55 €. Цена за деца од 3-12 години – 50 €;
  • Посета на ЗОО (пратител + влезница) – 30 €. Цена за деца од 2-12 години – 25 €;
  • Фламинко шоу со пијалок - 45 €;
  • Аквариум (влезница и претставник од агенција) - 22 €. Цена за деца од 2-12 години – 19 €;
  • Туристичка такса се плаќа во хотел – 1,5 € по ден на лице; (уплата во агенција)
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција).

Pin It on Pinterest